logo
Search
Close this search box.

Ало Велес, Ало Телеком

Истражниот судија во случајот на ликвидацијата на Никола Младенов на влезот во Скопје, на 26. март о. г. пред полноќ, не само што не смеел да бара, туку не смеел ниту да помисли да го бара неговиот мобилен телефон и да го предаде на семејството. Неговиот мобилен апарат е можеби крунскиот доказ за откривање на сите инволвирани во овој злостор. Во него се запишани сите оние кои вршеле притисок врз Младенов да не ги објави деталите за корупцијата во словенечки Телеком, во делот кој се однесува на Македонија.

ПИШУВА: Зоран Божиновски

 

Истражниот судија во случајот на ликвидацијата на Никола Младенов на влезот во Скопје, на 26. март о. г. пред полноќ, не само што не смеел да бара, туку не смеел ниту да помисли да го бара неговиот мобилен телефон и да го предаде на семејството. Неговиот мобилен апарат е можеби крунскиот доказ за откривање на сите инволвирани во овој злостор. Во него се запишани сите оние кои вршеле притисок врз Младенов да не ги објави деталите за корупцијата во словенечки Телеком, во делот кој се однесува на Македонија.

Цел ден во вторник, на ден на погибијата, притисок врз Младенов вршеле сега веќе екс директорот на ОНЕ Македонија, Предраг Чемерикиќ и највеќе министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Двајцата се најдиректно инволвирани во коруптивниот случај во Телеком Словенија, каде 12 часа по погибијата на Младенов се уапсени главните актери на овој најнов телекомуникационен скандал на Балканот. За разлика од корупцијата во Маѓар Телеком, во кој беа инволвирани Македонија и Црна Гора, овојпат во Телеком Словенија, Македонија е вмешана заедно со Косово. И тоа, од македонска страна пак се повторува синдромот „АНАЛИТИКО„ преку кој актуелната ВМРО ДПМНЕ гарнитура беше вмешана во корупција со Маѓар Телеком. Сега, во случајот Телеком Словенија, „АНАЛИТИКО„ екипата е заедно со Екрем Лукај од косовска страна.

Екрем Лукај на македонската јавност и е познат како лидер на злогласната „Дукаѓини„ УЧК група од Пеќ за време на косовско-српскиот конфликт. Инаку, во мирнодопски услови, Екрем Лукај е бизнисмен кој преку Мобикос беше партнер „на црно„ со Богољуб Кариќ. Сограѓаните Кариќ и Лукај, по потекло и двајцата од Пеќ соработуваа така што Богољуб Кариќ за кеш го подриваше безбедносниот систем на Србија. Деталите ги имате овде:

Инаку Екрем Лукај е долгогодишен шверцер на цигари, а подоцна и официјален дистрибутер на ТДР Ровињ. Шверцуваше нивни цигари по Балканот заедно со криминалецот Коста Јанковски (спонзор на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ и личен пријател на Црвенковски и Георгиевски!). Тој и таков Екрем Лукај е апсен деновиве и отворена е истражна постапка против него за криминалот во Телеком Словенија.

Од сите три подрачја кои се под истрага, нема истражни дејства и нема апсење само во Македонија. Од едноставна причина што актерите не се толку луди сами да си стават лисици на раце и да објават дека се самоуапсиле. Напротив, во Македонија по дојавите од Љубљана дека се подготвува апсење во Словенија за криминал од 58 милиони евра, од кои 10 милиони евра отпаѓа на делот во Македонија, веднаш преземале мерки и будно следеле некој да не дознае за ова. Ако дознае, да се преземат превентивни мерки. За тоа бил задолжен Горан Грујовски, велешки кадар кој ја раководи комплетната Петта управа во МВР задолжена за следење на комуникации. Грујовски веќе го опишував на што се е подготвен и како функционира заедно со неговата екипа од Велес, обучувана уште додека беа во АРМ. Ја одиграа клучната улога во прикривањето и уништувањето докази во случајот „Нешкоски„, за кој знаеме како заврши…

Управата под команда на велешанецот Грујовски за прв пат успеала да лоцира комуникација на Никола Младенов со неговиот извор на информации за Телеком Словенија, два дена пред погибијата. Веќе во вторник рано предпладне биле сигурни дека Младенов го има комплетниот доказен материјал, па почнала прво пресијата од Чемерикиќ и Јанакиески врз него, траела цел ден. Но доцна попладне сфатиле дека Младенов нема да попушти и направиле план како да го спречат во последен момент. Не случајно било избрано да биде повикан од пријател од велешкото подрачје. Тоа е теренот кој екипата на Грујовски најдобро го познава. Мачниот состанок со Младенов и убедувањето да се откаже од објава на доказниот материјал се случил на брегот на Велешко Езеро. Сопственикот на ресторанот кој се наоѓа на таа локација ги знае деталите. Знае кој кога дошол, кој кога заминал.

Откако не успеала посредничко-принудувачката мисија, Младенов заминал а „понудувачите„ се трансформирале во негови џелати и прогонители. Потерата по него завршила трагично на влезот во Скопје, во заседа со сканија. Деталите од тоа случување до денес се познати во еден добар дел, благодарение на медиумите. Истрагата и власта молчат, затоа што првите информации кои истекоа од нив се покажаа како провидни и полни со дупки. Она кон што медиумите во Македонија никако не се обрнуваат и никако не го споменуваат, освен објава на понекоја сервис информација е случајот корупција во Телеком Словенија. Зошто е тоа така може само да се претпостави. Екипата која го замолчи Младенов засекогаш, не губи време и „превентивно„ го замолчува секој за кој претпоставува дека може да објави нешто што ќе им наштети. Затоа моментно владее привиден мир кога оваа тема е во прашање.

Но, тоа што важи за македонските медиуми не важи за Буревесник. Па освен веќе познатите сервисни информации кои јавноста во Македонија ги дознава од читање словенечки медиуми, еве ќе понудиме и интересни детали поврзани со словенечко-македонскиот Телеком скандал. Имено, дознаваме дека директорите уапсени во Словенија 12 часа по погибијата на Никола Младенов, биле „играчите“ кои ја воделе целата купопродажба на Он.нет и Космофон и нивниот ангажман завршил со итно повлекување од Македонија поради криминал што го правеле во Словенија. По повлекувањето на словенечките директори, сомнително е дека во ист ден се отпуштени од работа и секторските директори во ОНЕ Македонија: Дејан Милевски Декла (брат на Мичо, газдата на кафичот Мистер Џек во Скопје!). Милевски сега по ново е трговец со second hand облека. Потоа Влатко Серафимовски кој од „голем продажен играч“ и јак играч е сведен на продавач на банери кај Трендо, кој пак по шут картата од ОНЕ го отвори off.net.mk , а со посредништво на Јанко Илковски Јади Бурек е ставен под контрола на ВМРО ДПМНЕ, за некаква ситна готовина! Последното име од тој список опаднати величини е Невенка Таврајковска…

Ако некој во Македонија, се разбира после пад на ВМРО ДПМНЕ во некоја иднина, воопшто понатаму сака да знае што навистина се случило со Никола Младенов, ќе мора да ја испита и страничната улога на брачната двојка Светлана и Јован Петровски (екс директори на „МОБИМАК„) со сега уапсените директори од Словенија Телеком. Така ќе се дојде до изненадувачки и фрапантни сознанија. Моите сознанија се дека во почетокот на 2008. кога Телеком Словенија го купиле Он.нет, сега притворениот Борис Дремељ ја назначил Светлана Петровска за финансиски директор во Он.нет и таа тука останала неполни девет месеци, додека не дошло до спојување со Космофон. По споојувањето во ОНЕ Македонија, Светлана и Јован Петровски купуваат акции во ВИП Австрија (сопственик на сите ВИП оператери на Балканот!), се населуваат во земјата под Алпите и од таа далечина ги надгледуваат работите на Балканот и во Македонија.

Светлана и Јован Петровски од „МОБИМАК„ добија отказ поради одбивање да потпишат договор за спонзорство со Љиљана Петровиќ, менаџерката на Тоше Проески, на износ од 500.000 евра, по препорака од тогаш моќната Наташа Савова. Набрзо по одбивањето на Петровски, Проески станува ексклузивец на „Косомофон„, а тие добиваат шут карта од „МОБИМАК„. Заминуваат во Словенија каде Светлана се лекува од ретка болест, а дел од рехабилитацијата е нивниот престој на Копаоник, каде доживуваат напад на ски патека со моторни санки. Напаѓачот не успева никој од нив да убие, успева нивниот син да го удри со санките и да му ги искрши двете нозе. Иако Јован Петровски долго веруваше дека оваа несреќа ги снашла поради непослушноста искажана во Македонија, сепак на крај дознаваат дека зад тој напад стои косовската мафија ангажирана од фирмата „Кујтеса„, телекомуникациска фирма од Косово, експозитура на УЧК за перење пари. Долго време по овој напад на Копаоник, Оне.нет плаќал 20.000 евра месечно рекет, за „мир во куќата„.

Сепак, она од што највеќе се исплашиле ВМРО ДПМНЕ функционерите инволвирани во најновиот корупциски скандал, се доказите поврзани со разни „проекти“ на кои победуваше ONE, како привилегиран партнер. Под нивна контрола и во нивна тендерска организација, се разбира. Еден од тие опроекти е и за јавноста непознатиот ЧЕТВРТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР, WTI Македонија, кој денес се вика Alo Telecom. Веќе четири години АЛО ТЕЛЕКОМ се присутни во РМ со броевите 073 и 074, а немаат ниеден претплатник. Засега служат само како „машина за перење пари„. Веднаш по добивањето концесија за АЛО ТЕЛЕКОМ во првата година работеле 20 луѓе. Дел од отпуштените од ОНЕ Македонија исто така работеле во АЛО ТЕЛЕКОМ заедно со тие дваесетина. Работеле цела година, земале плата и одеднаш сите биле отпуштени. Денес АЛО ТЕЛЕКОМ функционира, нема вработени, нема продадени броеви, а регистрираат профит. Фирмата МАЈКА е со седиште во Холандија.

Младенов имал сознанија и за оваа „чудна компанија„. Не доживеа да ги објави…

 

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.