Бислимовски- дизелот од полноќ поефтин за 5 денари а ќе има поголемо намалување и кај бензините

Дизелот од полноќ поевтинува за пет денари, а поголемо намалување ќе има и кај бензините, потврдуваат за МИА од Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС-95 ќе се намали за 3,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 4 денари. Намалување ќе има и кај Екстра лесното масло за 4,50 денари за литар и кај Мазутот М-1 НС за 2,115 ден за килограм.

Намалувањето е резултат на намалените цени на референтните берзи и намалувањето на курсот на денарот во однос на доларот.

Денешната одлука е потврда дека РКЕ работи согласно утврдена методологија која е во интерес на граѓаните. Довербата што ја градиме кон граѓаните е клучна со цел да се избегнат дезинформаци и лажни вести од т.н експерти. РКЕ секогаш кога се создаваат предуслови, веднаш носи одлуки во корист на народот, вели во изјава за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.