ПИШУВА: Зоран Божиновски
По серијата закони за отворање и обелоденување на тајни жиро сметки по Швајцарија, Кипар, разни егзотични острови и слични дестинации, македонскиот тајкун Сашо Мијалков мораше да се открие и „самоосветли„. Нема веќе криење. Во итното престројување и неможноста истовремено да се покрие во Македонија и во Чешка, донел одлука како домицилен чешки бизнисмен да влезе во повеќемилионски урбан криминал во проектот „Прага 6„. Веќе не се крие зад семејството Спаравало кое фигурираше досега во негово име, во цела една криминална мрежа од фирми…
Од денес не се прашувајте веќе КАДЕ СЕ ВАШИТЕ ПАРИ!? Директорот на УБК Сашо Мијалков, подготвувајќи се за бегство од Македонија, сред кампањата на локалните избори о. г. се занимавал со лукративни бизниси, со трансфер на милиони евра кон Чешка, со нотарска заверка на купување удел во фирма која е вплеткана во урбанистички скандал во населбата „Прага 6„, во главниот град на Чешката Република. Тој нотарски договор (го имате во прилог на овој текст!), соддржи и адреса во Прага на која Мијалков има пријавено постојан престој (еквивалент на лична карта!). Досега овие податоци ги криеше. Како што крие и многу податоци НЕВНЕСЕНИ во имотниот лист пријавен во Државната комисија за спречување корупција.
Пред да ги објаснам сите детали од „менаџментот„ на Мијалков во Чешка, сакам да напоменам дека Љубе Бошкоски највеќе заради оваа „шема„ на Мијалков е во затвор. Неговата истрага и сознанијата на оваа тема која денес ја читате, подоцна го чинеше слобода која и денес му се ускратува. Љубе Бошкоски бил на неколку чекори до целосно документирање на сите незаконски бизнис активности на Мијалков вон границите на Македонија, непријавени во неговиот имотен лист.
Но, мина време и околностите со отворањето тајни сметки по светот, доведоа до фаза во која Мијалков мораше самиот да се открие. Па во пресрет на предизборната кампања на локалните избори, соочен со се поизвесната најава на ДУИ за завршување на коалиционата дружба, Мијалков повлекол серија рискантни потези. Сметал на тоа дека ова баш и нема да биде забележано од никој. Дури и да забележал некој, сметал дека сите му се плашат па никој нема да смее глас да пушти. Ама, лошо се пресметал. Еве ги деталите:
Сашо Мијалков се решил на ризик и на јавна објава на неколку 100% докази дека крши повеќе закони како директор на македонската тајна полиција. Себе се доживува како недопирлив. Јавната објава на трансферот постои во чешкиот трговски регистар. Во таа објава, при купување на чешката фирма МИРТЛАНИС, е објавена недозволена и во ДКСК во РМ непријавена реализација на бизнис активност на директор на УБК во МВР. Притоа, употребил статус на лице кое има ПОСТОЈАНО ЖИВЕАЛИШТЕ во Чешка, на ул. Бетлемска 262/10, 110 00 Прага 1. Оваа адреса е регистрирана и во неговата македонска патна исправа број А0058955. Општо е познато дека веќе седум години постојано живее во Скопје (на ул. Васил Ѓоргов, а од пред пет дена е преселен во вила на Водно!), па е јасно дека властите во Македонија и во Чешка ги довел во заблуда. Во Македонија се лаже самиот себе оти е врвна и неприкосновена власт, а во Чешка ги лаже неговите пријатели од власта и полицијата кои му толерираат еве и да влезе во повеќемилионски градежен бизнис, со ултра ексклузивни станови.
Да прецизирам. Сашо Мијалков во Чешка употребува ДОЗВОЛА ЗА ПОСТОЈАН ПРЕСТОЈ (стикер залепен во македонската патна исправа број А 0058955), со адреса „Бетлемска„ 262/10, Прага 1. Оваа налепница во патната исправа му е дадена пред доаѓање на функција во МВР во Македонија. Тие дозволи (налепници) Чешка ги дава на период од 10 години. По истекот се продолжуваат. Во периодот кога Мијалков добил ваков десетгодишен престој во Прага, немало биометриски лични карти за странци во Чешка. Затоа налепницата во неговиот пасош вреди денес колку лична карта.
Следниот пат кога ќе го продолжува престојот во Прага ќе добие чешка лична карта наместо сегашната дозвола за постојан престој. Согласно актуелниот закон за странци на Чешката Решублика (член 77), Сашо Мијалков е влезен во тежок прекршок. Дозволата тза постојан престој треба да му биде одземена поради непрекинато престојување надвор од Чешка подолго од 12 месеци. А директор е на македонската тајна полиција веќе седма година по ред. Па вие сметајте колку загазил во кршење на чешките закони. Сите овие податоци се наоѓаат на страна 3. Од нотарскиот договор, правоаголниот печат, горе десно. Потврдени се и заверени со печат на општина Прага 6., малиот тркалезен печат. И од тоа нема бегање.
Дозволата за постојан престој што ја поседува Сашо Мијалков, во чешка значи највисок степен на интеграција. Со неа може да прави буквално се. Може и да гласа на изборите во Чешка. Следната, воедно последна етапа од неговото интегрирање е здобивање со државјанство. Мијалков ги исполнува сите услови за тоа. Затоа што нели ЦЕЛО ВРЕМЕ ПРЕСТОЈУВА ВО ПРАГА. Така лаже или е клониран и во директор на УБК во МВР. Или се разбира од телепортација. Што е неверојатно. Поверојатно е дека си има другарчиња на власт во Чешка, кои му толерираат кршење на законот затоа што им ги полни џебовите со македонски пари, води бизниси од кои тие имаат свои провизии, им ги полни банките со праи украдени од Македонија.
Се разбира дека сите овие НЕЗАКОНСКИ активности не се пријавени во Македонија. Не очекувам сам себе кај себе на шалтер да се пријави. Доволно е да си постои пишана трага за овие негови криминални активности. Да не биде дека не сме знаеле. А можеби ќе се најде јунак после неговото бегство од Македонија и по падот на неговиот „неинформиран„ братучед Груевски, да го процесуира Сашо Мијалков. Од друга страна, активностите на Мијалков и неговите другарчиња во „Прага 6„ се евидентирани на ВЕБ страната на Министерството за правда на Чешката Република. Колку да не се загуби трагата, еве го линкот:
http://www.justice.cz/xqw/xervlet/insl/index?sysinf.@typ=sbirka&sysinf.@strana=documentList&vypisListin.@cEkSub=300013581&sysinf.klic=7a893297f553e747cf64579ed1956a0e&sysinf.spis.@oddil=C&sysinf.spis.@vlozka=168829&sysinf.spis.@soud=M%ECstsk%FDm%20soudem%20v%20Praze&sysinf.platnost=08.03.2012
Сега да ги објасниме и деталите од бизнисот. На 26. февруари 2013. година, Сашо Мијалков купил фирма во Прага, со речиси 4 годишна историја. Причина за купопродажбата е таа што фирмата МИРТЛАНИС е сопственик на ПЛАЦ ПРЕДВИДЕН ЗА ГРАДБА во елитната населба Прага 6… Од прегледот во прилогот на овој текст можете да ги прочитате сите промени во оваа активна фирма. Од 8. Март о. г. па наваму 100% сопственик е Сашо Мијалков. Директор е Горан Гацов, преку кого во деновите по купување на МИРТЛАНИС, Мијалков започнал со огромни инвестиции, изградба на ексклузивни и ултрамодерни станови. Промените во сопственичката структура на споменатата фирма, кои биле иницирани преку нотарски договор број SOPOPM-DB-SM-26022013, се реализирани на 26. февруари 2013 во нотарската канцеларија на нотарот Јана Крута, со канцеларија на улица У Прухону 11а, Прага 7. Нотарскиот договор е заведен од страна на Општина Прага 6, односно легализирањето на оваа трансакција завршува на 7. март 2013 година. Довчерашниот сопственик на МИРТЛАНИС, инаку фигура до промената на титуларот на сопственоста, во 2011. година купила мошне атрактивен плац за градба во населбата „Прага 6„.
https://or.justice.cz/ias/ui/vypis-sl.pdf?subjektId=isor%3a300013581&dokumentId=C+168829%2fSL11%40MSPH&klic=j3817t
(доказ за купениот плац за градба во текот на 2011. година)
Проблем се жителите од населбата „Прага 6„ кои откако дознале какви намери има новиот сопственик на МИРТЛАНИС и кој им доаѓа во непосредна околина, се обратиле до медиумите кои ги пренесуваат нивните негодувања и незадоволството.
http://www.praha6ztracitvar.cz/clanky/strnadovo-zahradnictvi-reakce-prahy-6-a-magistratu-k-30-lednu-2013
(овде можете да ја разгледате и галеријата фотографии од кои се видат плановите на Мијалков и изгледот на становите кои сака да ги гради)
Сепак најголем притисок врз Сашо Мијалков доаѓа од заложбите на ДУИ Македонија да биде примена во НАТО. Според стандардите на НАТО, директор на служба на земја членка или земја поканета да членува НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАНИМАВА СО ЕКОНОМСКА ИЛИ БИЗНИС АКТИВНОСТ! Од таму неговите баш засилени подготовки да го придвижи бизнисот во „Прага 6„. Со македонски милиони, разбира се…
Податокот дека сето ова како пријавен имот го нема во неговиот имотен лист, само покажува дека веќе не му е битно ни приближно да ја задоволи законската форма. Му се брза и многу му е итно. А баш му е итно и со средување на формалностите околу преземање на мрежата од над 20 фирми кои ги има со Горан Гацов, а највеќе со семејството на Војислав Спаравало. Во тоа „осило„ чепна Љубе Бошкоски осветлувајќи го Војислав Спаравало, школски другар на Сашо Мијалков, со живеалиште во Монако. Спаравало РАСПОЛАГА СО ГОЛЕМ БРОЈ ФИРМИ, добро умрежени. Во нив и со нив од сенка газдува Мијалков. Фирмите регистрираат огромни профити (ПЕРЕЊЕ ПАРИ!), од кои водат траги до и од Македонија.
Војислав Спаравало, Avenue Princesse Grace , 98000 Monaco. Неговите фирми, заеднички со Мијалков како скриен партнер се:
DORGI, spol. s r.o., Service Point, spol. s r.o., Teplá s.r.o., EStar- A.E. s.r.o., GIGA INVEST spol. s r.o., CNM & Company a.s. v likvidaci, Credit Finance Group a.s., SITA GROUP, a.s., Service Point MM, s.r.o., DEVO INVEST a.s., OAKFIELD INVESTMENT s.r.o., BDL Czech, a.s., DOBRÁ REALITY, a.s., BC – Aura, a.s., OAKDALE a.s., MONFUMO a.s., Přední Veleslavínská, a.s., Lima Czech s.r.o., Mediasport a.s., Nový Jenštejn a.s., Eleganta, a.s., DURHAM a.s., OLYMPIA Catering, spol. s r.o., Brno Building, a.s., DISOM a.s., IMD TRADE a.s., BOTANICA PRAGA INTERNATIONAL HOUSE, spol. s r.o., EKONT a. s., SERGIO, spol. s r.o..
Спаравало како долгогодишен бизнис партнер на Сашо Мијалков, заедно со неговите браќа, се и главни дистрибутери и застапници за TACCHIANI на територија на Чешката Република. Сопственици се на правата за ОУТЛЕТ на EXIT 66, на главниот автопат кој води од Прага за Брно, инвестиција која по сите достапни прогнози и анализи планираат заедно да ја тераат со Сашо Мијалков. Преку мрежата фирми кои ги поседува Спаравало во повеќе држави, со Мијалков последните месеци работат на легализација на парите кои пристигнуваат од Македонија. Тоа го прават преку обид за легализација на парите преку градежен бизнис.
Вака изгледа нивната математика:
Просечно, цената за 1.000 квадратни метри плац во Прага изнесува околу 7.000.000 круни (околу 280.000 ЕВРА). Купената парцела на Сашо Мијалков преку МИРТЛАНИС има околу 15.000 метри квадратни. Што е околу 4 милиони евра пазарна вредност.
На 1.000 метри квадратни доаѓа по околу 500 квадратни метри станбена површина, односно на плацот на МИРТЛАНИС на 15.000 квадратни метри парцела, планираат да изградат околу 7.000 квадратни метри станбена површина. Во тој дел од Прага цените по квадратен метар се движат 2.000 до 3.000 илјади евра. Или, сума сумарум, вкупна вредност од минимум 15.000.000 евра.
Ова е само една „инвестиција„ на Мијалков и Спаравало, до чија проценка дојдовме преку јавно објавени податоци. Преку мрежата фирми на кои стои името на Спаравало и на Гацов, со пари украдени од Мијалков во Македонија, располагаат со десетина вакви градежни локации, ОУТЛЕТ центри и идни шопинг центри, чија вкупна вредност достигнува неколку стотици милиони евра.
Сопственост на ненаситниот Сашо Мијалков, директор на УБК во МВР и Братучед, во слободно време…
НАПОМЕНА: На судското рочиште по тужба на Сашо Мијалков против ФОКУС, адвокатот на тужената страна Оливер Вуксановиќ ПОГОДИ ВО ЦЕНТАР со барањето да биде легитимиран тужителот Мијалков. Доколку тоа се случеше истиот момент ќе беше разоткриена целата шема на Мијалков. Неговиот збунет адвокат Антонио Апостолски ќе мораше да открие дека директор на УБК нема престој во Македонија, затоа што седум години ФИКТИВНО престојува во Чешка Република…