Веќе немам никаква потреба овие докази да ги праќам на надлежни истражни органи, на функционери од власта и на странски амбасади, нема потреба од нив да барам второ мислење и да чекам да го добијам. Ми докажаа дека се неми, дека немаат што да одговорат на ова и немаат што да кажат. Со нивниот молк признаваат вина.
Денес ви презентирам маил порака во која осудениот екс директор од Маѓар Телеком во Скопје, ЕЛЕК ШТРАУБ, дава инструкција на ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ, СЛАВКО ПРОЈКОВСКИ и на другите секторски директори, да ангажираат доверливи луѓе кои ЌЕ БРИШАТ КРИМИНАЛНИ ТРАГИ ОД НИВНИТЕ КОМПЈУТЕРИ ПРЕД НАСТАПУВАЧКИ ИСТРАГИ…
Таква истрага навистина имаше, заврши со кривичен процес во Њујорк и пресуда во која МАЃАР ТЕЛЕКОМ и тројца директори меѓу кои е ШТРАУБ – признаа вина во Њујорк.
Еве што им пишува Штрауб на актуелниот премиер Ковачевски и актуелниот финансиски директор во Македонски Телеком, Славко Пројкоски:
,,Ве молам за итен ангажман на доверливи луѓе за бришење на сите податоци за консултантските услуги на Сигма и Раулеј во Македонија и Црна Гора.
Во вашите компјутери не смее да има никаква трага за овие договори бидејќи тие договори ќе бидат под истрага.
Сите вие кои сте спомнати во овааа маил порака сте одговорни за оваа работа. Во текот на овој следен период не ме контактирајте по маил…
ВЕДНАШ!,,
Елек Штрауб,
вторник, 14 април 2006, 17 24 часот