logo
Search
Close this search box.

АД “Охрид” епицентар на криминалот

Да бидеш двапати по четири години градоначалник на Охрид и да ја дотераш општинската каса до минус од 50 милиони евра треба да си или хедонист и плејбој од светски глас или клептоман кој помислил дека дошло неговото време и дека нема никогаш да помине.

Александар Петрески проба да глуми плејбој во Австралија, ама театарот таму заврши со јавни скандали при обидот од локална куртизана да направи СДСМ пратеничка. Во Охрид му успеа да се зближи со рамни на него: локални криминалци, измамници, рекетари, урбани мафијаши. Лично Петрески многу е збогатен за осум години, ама со криминално стекнатото богатство на врат си ги има и неговите компањони…

Кога ја започнав серијата текстови за криминалот во Охрид, некаде после убиството на српскиот турист Новаковиќ, претпоставував дека ќе се охрабрат и ќе ми се јават и луѓе оштетени од локалното криминално подземје. Она на што не се надевав тогаш пред три години е дека еден од главните охридски промотери на организиран криминал е Александар Петрески. Долги години се „продаваше„ јавно за чесен и способен новинар да проникне во најопасни теми кои ретко кој се нафаќа да ги истражува и објавува. Арно ама, како поминуваше времето ми стануваше јасно дека криминалната спрега во Охрид всушност личи на мрежа фрлена врз општинската каса, профитабилно добитна само за тесен круг околу Александар Петрески. Огромната нервоза на Денесоски и неговите хистерични напади врз мене и Буревесник и мои пријатели и соработници кои со ништо не го заслужиле тоа од него, само придонесе криминалното клопче во Охрид да се отплетка уште повеќе и на површина да излезат јавни тајни кои до вчера биле само шепотени по кулоари и ништо повеќе.

Падот на Александар Петрески од локална власт во Охрид само го забрза тоа отплеткување, а нивните внатрешни кавги и нервозата меѓу нив, само го засили нагонот кај поединци да се спасуваат кој како умее и знае. Бродот на Александар Петрески кој тоне, деновиве максимално се труди прв да го напушти Сашо Денесоски. Истиот кој највеќе паника му направи во предизборната кампања, а со намерно предизвиканиот инцидент со Сашо Аљче сред кампања, се чини дека Денесоски само им стави крај на надежите на Петрески дека и третпат ќе победи. Во очајот, хистеријата и депресијата што Денесоски го тресат деновиве, последен обид за спас гледа во конекција кон ВМРО ДПМНЕ, па испратил и маил порака со список на пријави против Петрески. Нуди свои добри услуги патем, сака сведок соработник да стане. Изворот од МВР, инспектор за спречување на организиран криминал ми ја испрати соддржината на маил пораката од кодошот Денесоски. Според неговото пишување, Петрески има направено криминал за долгогодишна затворска казна и за заплена на сиот негов имот. Еве ја сооддржината:

  • „Пробивање на пат кај населбата Бејбунар на земјиште од РМ без никаква дозвола или одобрение заедно со Лоте Компани. За тампонирањето се испрани големи пари во готово, а патот им се најде подоцна во комплексот на згради каде Лоте е еден од инвеститорите…
  • Пријава за разноразни ДВОЈНИ фактури за нереализирани проекти од Општината…
  • За санација на депониите “Маучер” и “ Буково” платени се двојни фактури од општината и ЈП „Комуналец„ на „НЕФИ ИК„ (превод : ИК – бегај на албански) НЕФИ – БЕГАЈ…
  • Противправно затворање на побарувања со станови преку Александар Петрески за долгови од ЈП „Проаква„ и ЈП „Охридски комуналец„ преку фирма „КРИН„ од Прилеп и фирма за цевки за потребите на „Проаква„ . . .
  • Двојна исплата за купување на дуќан кај „Ремис„ зградите кај стара автобуска од познат нарко дилер и криминалец од Охрид АБИБ МУСТАФА. Платено со пари и преку цесии од ЈП „Проаква„ и Општина Охрид. Неофицијално, братот од Бранко Трпчески е познат криминалец а Бранко е коцкар. Преку овој дил со Абиб Мустафа, Бранко си ги испрал коцкарските долгови…
  • Туарегот што го вози синот од Петрески кој е на факултет во Скопје, е регистриран на фирма „ВИС-ПОЈ„. Сопственикот на оваа фирма на Петрески му е КУМ. Покрај ова возило на име од „ВИС-ПОЈ„ регистриран е уште еден Јагуар и плус уште неколку други возила. Јагуарот е подарок за Петрески за да го доврши тендерот за продажба на уличното осветлување…
  • Има кривична пријава против Петрески поднесена од ВМРО-ДПМНЕ во 2006. година од првиот мандат од Петрески. Пријавата е поради асфалтирање на улица, работа која е видео документирана од една локална телевизија, ТЕНДЕРОТ Е РАСПИШАН после неколку месеци. Таа пријава со доказен материјал уште фаќа пајажина во охридскиот СУД и Обвинителство.
  • Во режија на Петрески е и спорната градба на зградите од „Ремис„ кај старата автобуска станица. Ветено било дека со двете станбени згради ќе се изгради КАТНА ГАРАЖА. ТАКА И БЕШЕ ОБЈАВЕНО. Арно ама во договорот со изведувачот ГП „Ремис„ нема внесено обврска за изградба на катна гаража и затоа „Ремис„ има на диво изградено трета зграда. Да биде криминалот комплетен после извесен период на истите згради се доградени и подпокриви.
  • За долгот на општината Охрид кон ГП „Гранит„ за криминалната изградба на Колекторот, Петрески можеше да поднесе ЖАЛБА на судската одлука за извршување и наплата на долг. Ама намерно не поднесе никаква жалба, општината плаќа огромни камати на кредитот земен од Комерцијална Банка. Со кредитот општината плаќа и високи камати.„

Ова е соддржината на писанието на Денесоски до МВР, против довчерашниот најголем пријател и бизнис партнер. Го напишал со надеж дека Петрески ќе биде експресно притворен и процесуиран и дека како сведок соработник во истрагата ќе се спаси и самиот од притвор кој подолго време му се насмевнува. Во МВР се смеат на овој допис на Денесоски и на неговата пуста желба да се спаси. Оти неговото досие до денес е преполнето со правосилни пресуди за финансиски измами, има огромен долг за даночно затајување, а и генеза на долгогодишно лажно претставување дека е инспектор во полиција. Еден од инспекторите кои имале допир со дописот на Денесоски ми го испрати да го објавам.

Колку има вистина во пријавите против Александар Петрески, не сакам да навлегувам. Сакам само да дополнам дека е точно дека има подоста полициски пријави за криминал против Александар Петрески, дека инспекторите како така успевале да си ја завршат работата и да поднесат докази до основното јавно обвинителство Охрид, но како по непишано правило тие завршувале во обвинителските фиоки и животот си продолжувал како баш ништо да не било пред тоа. Освен двајца охридски обвинители кои редовно го заштитувале Александар Петрески и неговите „брачки, џачки, мачки и останати локални бубачки„, во процесот на заштита т. е. блокада на кривичниот прогон се и неколкумина судии кај кои доаѓале предмети за кои бил заинтересиран Петрески. Тие предмети биле решавани по негова волја. За награда се разбира или компензација во вид на вработување на нивни близок од семејството, каков што е примерот на судијката Радица Ристеска која за награда добила вработување на синот како правник во Комерцијална банка. Пиле можело да прелета покрај Ристеска, предмет против Петрески или некој нему битен НИКАКО!

Инаку, криминалот на Александар Петрески не би можеле да го опишеме доколку не објасниме дека во најдоходовната област УРБАНИЗМОТ, негов главен соработник е Бранко Арнаудов, началник на секторот за урбанизам. Покрај јавната функција која ја извршува Аранудов, си има приватна фирма АД „ОХРИД„, регистрирана на син му Ангел. Петрески и Аранаудов во двата мандати на екс градоначалникот така ја организирале работата што НИТУ ЕДЕН проект од Општината не смеел да помине ако не поминал и низ АД „ОХРИД„. Не постои друго архитектонско биро во Охрид кое можело да добие работа од Општината. Началникот Бранко Арнаудов и син му Ангел со АД „ОХРИД„ го имале исклучивото право да работат за општината. Ова право не им е ниту од дедовците ни прадедовците. Им е дадено од Александар Петрески, од чисто лично профитни интереси. Бранко Аранудов станал началник на урбанизам откако ја напуштил функцијата директор на „Охридски Комуналец„. И таму функционирал онака како што колку до вчера функционираше Сашо Аљче, новокомпниран гробар. Практично Аљче продолжил таму каде застанал Арнаудов, а тој само се надградил себе до локален урбан мафијаш без кого не може да се замисли градба во Охрид и околината. Едно време Аранудов имал проблем со неговиот зет, многу коцкал и не можел да му ги покрива долговите. Па на сметка на Охриѓани нашле решение со Александар Петрески, го вработиле зетот како инспектор во општината. Сега зетот сам си ги покрива коцкарските долгови, преку рекет од граѓаните на Охрид.

Познавач на процесни постапки од Охрид ми тврди дека најголемиот криминал ќе биде откриен ако се изврши комплетна и темелна ревизија на работењето на секторот за урбанизам под водство на Бранко Арнаудов. Сега или некој сончев ден во иднина и тоа ќе се случи. Среќа е што ваков криминал не застарува брзо…

  • Kреирано на: 22.04.2013
  • Прегледано: 180.122

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.