logo
Search
Close this search box.

Кога на принц му носиш усран г’з во кралски апартман…

Пишува: Зоран Божиновски

Во две јавни медиумски авантури, во самоубиствен напад врз себе, Бојан Јовановски БОКИ 13, направи две фатални грешки. Едната беше после неговиот посран престој на ФАРМАТА на ПИНК ТВ, втората после неговиот триумфален маратонски настап кај ЛАЗАРОВ. И во двете прилики се истрча,  мене НИЧИМ ИЗАЗВАН да ме спомне во негативна конотација.

Првиот пат, некаде во ноември 2010, влезен ,,на диво,, во Србија, го внесоа во ријалити шоуто ,,ФАРМА,, за да се подјебаваат таму со него. Па го снимија посран додека спие и му остана за спомен таа епизода на ЈУТУБ под наслов ,,БОКИ СЕ ‘УСРО!,,. Ама, се усра кога излезе од ,,ФАРМА,, и кога испрашуван за неговото учество, сосема одненадеж НИЧИМ ИЗАЗВАН даде изјава контра мене, иако никој не го праша за мене. Се изнатреска глупости заради кои морав да испратам до тамошните медиуми докази дека во Македонија е осуден судски правосилно, заради измама кон САНДА ПЕРКОВСКА на која и земал 50.000 евра со лага дека ќе направи концерт на Градски стадион на кој ќе пеат ЛЕПА БРЕНА, БИЈЕЛО ДУГМЕ, ОЛИВЕР ДРАГОЈЕВИЌ и ДОРИС ДРАГОВИЌ. Набрзо откако платила, Перковска дознала дека е измамена, дека е ограбена од БОКИ 13, стапила во контакт со менаџерите на овие ѕвезди и дознала дека тие ниту имале контакт со будалиов измамник, ниту би контактирале, особено не за таа цена. Му стегнала тужба Перковска, лесно го доби на суд, ама пари не можеше да му наплати оти или бегаше во Србија или немаше имот на негово име или се криеше од извршители.

Јас таа правосилна пресуда ја дадов таму каде што треба, за да го почастам протерување! Некако истовремено залетаниот шарлатан даде изјава за некој медиум дека познатиот српски глумец СЕРГЕЈ ТРИФУНОВИЌ има пенис колку смоки, па другарчиња на Сергеј од Црна Гора го најдоа Боки13 во Белград па го претепаа, за тој да пријави во полиција дека е нападнат и тепан, ама не знае кои се тепачите, оти било мрачно. Е откако примиле пријава во полиција, откако потпишал изјава, Боки 13 го соочиле со фактот дека нема пријавено престој во Србија, дека престојува незаконито, а згора и во Македонија има судска пресуда дека е измамник, ПА ГО СПАКУВАА И ГО ПРОТЕРАА СО ЗАБРАНА ЗА ВРАЌАЊЕ. Така му покажав на дело колку кошта кога моето име и презиме го изговара во негативен контекст, а згора измислува…

Е негова несреќа беше што мене насилно и без документација, а врз основа на измислени обвиненија ме екстрадираа од Србија во април 2016 година. Боки 13 беше раат од мене до моето излегување од Шутка, сред јули 2017 година. Излегов, а тој веќе беше ујдисан со Зоран Заев и Александар Кирацовски, АВМУ веќе му беа дале концесија за емитување ТВ сигнал. Сфатив дека СДС од Нашата земја со УСРАНИОВ фатиле работа, тргнале да креираат јавно мислење.

До октомври 2018 ги собрав сите докази за неговата вмешаност во организиран криминал, за причината поради која ем незаконито беше регистриран МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ, ем имаше судска забрана тој да биде управител. Телевизијата де факто беше негова, оти имаше капитал од 260.000 евра кои ЛИЛА ФИЛИПОВСКА му ги донела со измама смислена од него, кон брачен пар од Скопје. Ги излажале луѓето дека за шест месеци ќе му стигнеле ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА од разни фондови, па парите ќе ги поделеле. Со тие 260.000 евра направија гламурозна фалсификатна промоција на МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ во х. Александар Палас, а по директниот пренос во кој продефилираа највисоки функционери од СДС и ДУИ, спонзори му дадоа по неколку стотици илјади евра од комад: АМЗОСКИ, зет на Цановски, покојни МАЛИЧИ, СИЛЈАН МИЦЕВСКИ и сурија други кои крај БОКИ 13 се чувствуваа блиски до владејачката коалиција и обвинителствата, де СЈО де ЈО за ГОКК.

Целата оваа сурија функционери знаеја и дека БОКИ 13 редовно патува за МИЛАНО, оди по гардероба, ама оди и кон БУДИМПЕШТА. Не знаеја дека Боки 13 таму оди по крадена гардероба од скапи бутици, купена од ,,шанери,, по дисконтни цени, дека ја шверцува во Македонија ем да се шепури, ем да ја препродава. Не знаеја ниту дека ДВА ПАТИ спиел во кралскиот апартман на РИЦ КАРЛТОН хотелот во Будимпешта, каде едно спиење за една ноќ е 12.000 евра. Двете ноќи ги минал со интимниот пријател ПРИНЦ ЕНДРУ, изопштен од британското кралско семејство поради сексуални перверзии и поради врски со холивудскиот продуцент ЏЕФРИ ЕПСТИН, кој се самоуби во притвор, претходно фатен во педофилија, силување, присилување на глумици на секс. Џефри беше здружен со ЕНДРУ, ама и со БИЛ КЛИНТОН. Е во таа екипа странично играл и Боки 13, со посраното гзе од српската ,,ФАРМА,, на ТВ ПИНК…

Тој Боки 13 во сурово реална варијанта го осветлив јавно, заедно со неговиот компањон во криминал СЕРГЕЈ ВАРОШЛИЈА, со кој на жени кои кои иделе на масажа во познат велнес салон, од мобилните со соодветен софтвер им симнувале содржини, а по десетина денови ги примамувале на ,,гледање во кафе,, и отворање ,,тарот,,, ама бидејќи имале сознанија од нивните мобилни телефони, со скоро 90% точност им погодувале каква ќе им биде судбината. На тие жени не им наплаќале во пари, туку во злато или златни предмети, а им давале за спомен ТАЛИСМАН во вид на некоја нечитлива нашаротина која личи на кинеска мудрост.

На крај, на почеток на октомври 2018 година Боки 13 експлодираше и силно изнервиран од постојаната негледаност на неговата 1ТВ (имаше гледаност од максимум 2%), јавно на ФБ со многу навреди и дисквалификации ме предизвика на ТВ ДУЕЛ. Прифатив да се појавам, а лично АЛЕКСАНДАР КИРАЦОВСКИ пред 8 негови најблиски другари кои славеа роденден, до на неколку часови пред дуелот МЕ МОЛЕШЕ ДА НЕ ОДАМ! Му одговорив дека јас сум предизвикан, дека треба да влијае на Боки 13 за тој да се повлече и попусто ме моли.

Отидов и во студио останав десетина минути. Ниту еден од бардовите на македонското новинарство не остана да седне помеѓу Боки и мене да биде модератор, да ни даде еднакво време за искажување. НЕ! Боки беше и дуелист и модератор, па веднаш во програма во живо, при мојот прв обид да кажам нешто ме дисквалификува и рече дека сум таму за да слушам, а дека тој ќе зборува. Пак тргна со навреди, дисквалификации и глупирање, до степен да искаже навреда за мојата сопруга и нејзините деца, ама и до степен да ме нарекува ЗАТВОРЕНИК КРИМИНАЛЕЦ! Некако успеав да му кажам дека ДОАЃА ВРЕМЕ КОГА НА МНОГУ ПОТЕЖОК НАЧИН ЌЕ НАУЧИ ШТО Е ПРИТВОР А ШТО Е ЗАТВОР! Не бев пророк, туку знаев дека со најтешките кривични дела кои ги има направено, многу брзо ќе заврши зад решетки. Не знаев кога, оти не знаев колку СДС има сила да го брани и чува на слобода…

Го напуштив дуелот, иако трчаше по мене и молеше да се вратам, беше сфатил дека погрешил и дека си дал автогол. Ама, повикав такси, стрпливо почекав да дојде додека го слушав како ме преколнува да се вратам во студио. Му реков само дека следниот наш тв дуел ќе биде на некоја друга ТВ, со модератор. Така и бидна. После неколку денови во Канал 5 ме повика ИВАН МИРЧЕВСКИ, изрази подготвеност во САМО ВИСТИНА да гостуваме двајцата. Му покажав што имам за соочување со Боки 13, ако прифати, а ако не прифати тогаш не би излегувал сам во тв студио, сметав дека нема ефект. Боки 13 не прифати следен тв дуел, ама од АЛЕКСАНДАР КИРАЦОВСКИ дозна дека нема да застанам додека судски не го изгонам за јавно искажаните навреди, ама и за текстот со кој ме предизвика на ФБ, каде ептен беа наредени серија навреди. Ги упатив него и КИРАЦОВСКИ преку кој комунициравме, кај мојата адвокатка за да се нагодат колку штета ќе ми плати Боки 13, ВОНСУДСКИ! За да не се влечкаме по судови, па таму да правиме спектакли кои ќе се прераскажуваат…

После една недела, КИРАЦОВСКИ пак ме молеше да не одам со тужба, да се смири работата и да се видам лично со Боки 13, ќе ми се извинел и ќе сме се договориле за штета! Ја консултирав адвокатката и таа ме советуваше да разговарам, па Боки 13 си закупи сепаре во х. Александар Палас, се видовме на 6 ноември 2018 година, во 17 часот, точно еден месец после дуелот во 1ТВ. Не сакав извинување, му реков да премине веднаш на главното, на штетата! Рече дека со татко му МИЛЕ наводно платиле детектив да испита све за мене, дознале дека со мене немало расправии со среќен крај и во минатото уште никој не излегол на крај со мене без огромна штета. Предложи да плати штета за навредите, ама да ја плаќа месечно, а понатаму да комуницираме, да може да ми се јавува ако му требаат информации, па ако има простор и да соработуваме. Ме праша колку барам месечно, без размислување му реков дека ќе го кошта 2.000 евра, ама зацимоли па попуштив и се договоривме за 1.500 евра.

СЕКОЈ МЕСЕЦ, ВО ПРВИТЕ ДЕНОВИ МИ СЕ ЈАВУВАШЕ НЕГОВАТА ЛИЧНА СЕКРЕТАРКА КРИСТИНА (СООБВИНЕТА ПОДОЦНА СО НЕГО!) И МИ НОСЕШЕ ПО 1.500 ЕВРА ТАМУ КАДЕ ШТО ЌЕ СЕ ДОГОВОРЕВМЕ ОТИ ТАА БЕШЕ СО КОЛА…

До денот кога Боки 13 го уапсија, Кристина ми донесе вкупно 16.500 евра. Од 6 ноември вечерта, до неговото апсење, редовно комунициравме по вибер, а тој некогаш само ќе ме испрашаше како сум, а некогаш за нешто ќе ме прашаше дали е така или не е. Она што го сработи Боки 13 со моја целосна помош е неговата емисија ИНСАЈДЕР посветена на Зоран Азманов. Лажеше кај Лазаров дека таа емисија му ја подготвил САШО ОРДАНОВСКИ. Целото криминално досие за Азманов го доби од мене! Азманов ја осигура и потоа негови платеници ја запалија кумановската фабрика КИРО ФЕТАК, создавана од рацете на мојата покојна баба, а мојата тетка кај Азманов остана измамена за 19 неисплатени плати, пред да пламне КИРО ФЕТАК. По пожарот беше убиен чуварот КУЗМАНОВСКИ, прво во полициски притвор претепан од кумановски битанги. Боки 13 знаеше дека никој нема покомплетно досие за Азманов од мене, затоа тоа бараше да му го сработам. Воодушевен од тоа, на почеток на летото, еден месец пред да биде притворен ми предложи ангажман во 1ТВ од есента, му реков дека за тоа ќе мора да видам бланко чек на кој јас сам ќе го испишам износот. Се согласи, патем ги оговараше бардовите и ми кажа дека за првите шест месеци од нивната работа во 1ТВ никогаш гледаноста не ја кренале над 2%, а кога ние сме биле на тв дуел вечерта, во тие десетина минути имало гледаност од над 27%. Му реков дека знам, бидејќи претходно гостував неколку пати во САМО ВИСТИНА на Канал 5 и ги знаев кои се бројките кога гостувам некаде…

Потоа беше уапсен, притворен, а 1ТВ беше оставена на милост и немилост, да згасне. Ако е искрен татко му МИЛЕ, а освен него ако е искрен и неговиот верен другар и возач ТОНИ, ќе посведочат дека сме контактирале, дека сум понудил помош за да не згасне 1ТВ, дека сме се сретнале во Ресторан 13ка во Тафталиџе. Дека сме се сретнале виде и случајно присутниот ЕСАД РАХИЌ, тогаш директор на затвор ШУТКА. Дури напишав едно писмо/понуда, што да се направи за да опстане 1ТВ, за да се удри контра на криминалците од СДС и на Заев, ама ГОРДАНА ДУВЊАК не беше спремна за таков потфат, а САШО ОРДАНОВСКИ воопшто не ми ни одговори!

За сите други нејаснотии, Боки 13 нека си закаже нов дуел со мене, ќе му ги појаснам. Дури сум подготвен ИН ВИВО на било кој ТВ канал да му објаснам дел по дел за време на гостувањето кај Лазаров во кои моменти лажел и манипулирал, а мислел дека тоа така ќе му помине!

За да се ЗАГАТНЕ темата во јавноста еве два предлог моменти за евентуалниот иден тв дуел:

Јавноста поим нема дека од милионите што Боки 13 ги ,,спечалил,, со усраното газе по Будимпешта и Милано, еден дел се инвестирани во ресторан ДИОН на кејот на Вардар, дека заедно со сопственикот со кој се слика се ортаци, а Боки 13 е скриен сопственика. Еве сега им тргнало до степен да има и нов ресторан во Аеродром, ДИОН 2. За време на престојот на Боки 13 во Шутка и Идризово, нарачувана е храна од ДИОН на Кеј, за притвореникот/затвореник, ама и за подмитените чувари…

Втор момент е неговото лажно кажување за ,,маките,, низ кои поминал во Идризово, како бил тепан. Еве ја вистината:

Боки 13 влегол во Идризово после притвор од 15 месеци. Со неговата 9годишна затворска пресуда СПРОТИВНО на правилникот веднаш е распореден во ПОЛУотворено одделение од страна на тогашниот директор на затворот ЈОВИЦА СТОЈАНОВИЌ. Спротивно на правилникот веднаш бил сместен во СОБА ЗА ИНВАЛИДИ која била преуредена во негов луксузен апартман. Добил можност да внесе клима уред, телевизор, освежувач за воздух, мини кујна, скапа гардероба, скапи очила за сонце и др. Плаќал затвореници да го заштитуваат и да му готват, пред очи на затворска полиција која била нема и немоќна.

Откако ЈОВИЦА е сменет доаѓа РЕЏЕП РЕЏЕПИ кого Боки 13 го фали, оти бил извршителен, па скапо ги плаќал неговите услуги. Боки 13 кај Лазаров тврдеше дека РЕЏЕПИ е професионалец, ама човекот до дома дошол да биде директор, во животот немал сработено еден работен ден во затворски систем. Работел претходно како директор на основно селско училиште во гостиварско. Реџепи му бил на Боки 13 на услуга 6 месеци, за кеш!

Откако е сменет Реџепи, Боки 13 нашол начин со нови поткупи да стигне до Градска болница Скопје, оти во Идризово веќе го немало Реџепи, а заради арогантниот и потценувачки однос воопшто не бил омилен ниту кај затворските надзорници ниту кај затворениците. Во Градска болница скоро година дена лежи на детски оддел, пак во соба преуредена во негов луксузен апартман. Додека лежи во Градска болница, редовно комуницира со КРИСТИЈАН ЛАНДОВ, новинар припадник на ЛГБТ движењето. Преку него оди комплетната медиумска хајка за ,,тешката состојба на Боки,, и за негово ослободување, со прекин на издржување казна. За возврат, ЛАНДОВ ги има сите ресурси од затворената 1ТВ на располагање за неговиот подкаст ,,ПРЕТРЕС СО ЛАНДОВ,,. Кристијан Ландов ги има од Боки 13 и сите контакти со новинари од регионот и од ЕУ, со кои контактира Боки 13, а има ветување во блиска иднина и тој да преспие една волшебна ноќ во РИЦ КАРЛТОН хотел во Будимпешта. Не баш во кралскиот апртман и не со Принц Ендру, ама приближно на тоа ниво…

Боки 13 бива ослободен и веднаш ништо не го боли, откако неговата кума МЕРИ ДИКА станува претседателка на Апелациониот суд. Прво добива прекин од 06 декември 2023 до 06 февруари 2024, а потоа и второ продолжување од 06 април 2024 до 07 јуни 2024. Со дел од стотиците илјади евра кои не се пронајдени при претрес дома кај него, подмитува редовно десетина затворски чувари, судии, адвокати и новинари, а дел инвестира во ДИОН. ОД ДПМНЕ добива ветување за ослободителна пресуда во предметот МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ, а за предметот РЕКЕТ да добие повторување на постапка и ублажување на казна еднаква на досега издржана во затвор и притвор. Услов бил да гостува кај Лазаров и да го искаже сето она кое го искажа. На 06 април излегува од затвор поради првиот прекин на издржување, на 09 април се сретнал со ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, заради договор за темите на настапот кај Лазаров. Боки 13 своето си го заврши, останува Мицкоски и кумата ДИКА рестото да го сработат…

МЕРИ ДИКА е инсталирана во претседателска фотелја во Апелациониот суд, откако за неа лобирале МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ и таткото на екс премиерот, СЛОБОДАН КОВАЧЕВСКИ викан ТАЧЕ. Услов од нив е Боки 13 да им помогне да се пресметаат со ЗОРАН ЗАЕВ , неговиот брат ВИЦЕ и братучедот ТРАЈЧЕ.

Во гостувањето кај Лазаров Боки 13 го испофали затвореникот кој го спасил од тепање, а не кажа дека го спасил и од силување во Идризово. Го претстави како другар, иако лицето е наркодилер и нарко бос кој ја покрива источна Македонија. Лицето е од југот на Македонија, па поради блискоста со Боки 13 му е удоволено да служи казна поблизу до дома. Тоа го препорачала ЈАСНА ЈОВАНОВСКА!

Да не објаснувам која е…

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.