Пишува: Зоран Божиновски Чекав 17 години и дочекав да го добијам списокот на иматели на командитни акции во ,,ОИЛКО,, КДА Скопје, можеби единственото акционерско друштво од таков вид во Европа. Беше формирано по нарачан и наменски променет дел од Законот за трговски друштво во делот на основањето, па по промената се одржа наменско сообрание на акционери на АД ,,Макпетрол,, во Струга na 17. 12. 2006 и беше основано командитното друштво со акции ,,ОИЛКО,, КДА Скопје. После тоа собрание на АД ,,МАКПЕТРОЛ,, на 18. 01. 2007. е основано командитното акционерско друштво, а КОМПЛЕМЕНТАРОТ (сопственик) Андреј Јосифовски, истовремено и генерален директор на ,,Макпетрол,, лично определил кому ќе подели акции во командитното друштво. Прво акционерите на ,,Макпетрол,, во Струга гласале на Јосифовски и Саша Лекиќ да им го пренесат комплетно ,,Макпетрол,, да си биде нивни лични имот, за да можат да станат КОМПЛЕМЕНТАРИ во командитното друштво, а потоа главниот комплементар во ,,ОИЛКО,,, Андреја Јосифовски...