Категорија:

Огледало

hotel-exterior
Дон Доне и ќерките, црни облаци над ,,Македонија Турист,,
Пишува: Зоран Божиновски Како полека го откриваме криминалното лице и наличје на ,,Македонија Турист,, и Доне Таневски, модерниот робовладетел на овој мастодонт, транзиционен лик кој купил без пари скоро се што вреди од туристичките капацитети на Скопје, ама и низ Македонија. Доне и неговите ќерки, онакви какви се навистина, ги опишува млад човек кој за момент поверувал дека ќе му дадат шанса да работи, да се искаже, да напредува и да заработи. Се излажал. Неговото лошо искуство го читате во продолжение: ,,Бев вработен неполна година во Хотел Холидеј Ин, аплицирав регуларно и по сите нормални протоколи за работа. Интервјуто го водеше едната ќерка на Доне, Генералната менаџерка на хотелот. Прв момент што го забележав е недавањето одговор на тоа дали сме договорени за колку ќе биде месечниот надоместок за мојата работа. Зборовите беа „Ние сме успешно акционерско друштво, редовни сме како никои други, тука има прогресивност и простор за напредок и секако платата ќе оди нагоре“, ама конкретен...
Повеќе ...
Nikola-Mladenov-2Rjpg
Ало Велес, Ало Телеком
ПИШУВА: Зоран Божиновски   Истражниот судија во случајот на ликвидацијата на Никола Младенов на влезот во Скопје, на 26. март о. г. пред полноќ, не само што не смеел да бара, туку не смеел ниту да помисли да го бара неговиот мобилен телефон и да го предаде на семејството. Неговиот мобилен апарат е можеби крунскиот доказ за откривање на сите инволвирани во овој злостор. Во него се запишани сите оние кои вршеле притисок врз Младенов да не ги објави деталите за корупцијата во словенечки Телеком, во делот кој се однесува на Македонија. Цел ден во вторник, на ден на погибијата, притисок врз Младенов вршеле сега веќе екс директорот на ОНЕ Македонија, Предраг Чемерикиќ и највеќе министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Двајцата се најдиректно инволвирани во коруптивниот случај во Телеком Словенија, каде 12 часа по погибијата на Младенов се уапсени главните актери на овој најнов телекомуникационен скандал на Балканот. За разлика од корупцијата во Маѓар Телеком, во кој беа инволвирани...
Повеќе ...
lupevska (2)
Колку чини вистината на Лупевска
ПИШУВА: Зоран Божиновски   05. 2015.   Ова е сторија, раскажана од директен учесник во настаните во 2001. година во Македонија. Бил вработен како преведувач при една странска мисија и сето она што се случувало на терен во тој критичен период, го гледал во живо. За еден настан, до денес необелоденет пред македонската јавност, наивно поверувал дека треба да и се довери на Сежана Лупевска, тогаш новинар на А1 ТВ. Ја известил лично и подоцна сфатил дека таа воопшто немала намера да го стори тоа што и било професионална обврска. . . Мојот извор, познат на Лупевска, се решил на оваа исповед поради се позачестените провокации од страна на владејачката коалиција на улиците на македонските градови да инсценираат војна и поради тоа што ги препознал истите методи за такво сценарио од 2001. Еве ја неговата изјава за Буревесник: „Паметам, беше сабота. Со дозвола на поручникот, излегов од американско – украинската база на Брезовица (Косово), во која работев како преведувач, со изговор...
Повеќе ...
mladenovR
Младенов е жртва на аферата Телеком
ПИШУВА: Зоран Божиновски   Долга е низата на ликвидирани поединци, штетни по криминалната „агенда„ на Владата на Никола Груевски. Нема да ги набројувам по име и презиме, ги знаете сите до еден: исчезнати, „самоубиени“, претепани до смрт, „лизнати“ од карпа, загинати во сообраќајни несреќи. Дел од настраданите во првиот мандат на ВМРО ДПМНЕ „заминаа„ од овој свет помеѓу 1998 и 2002, повеќемина ги изгубија своите животи во актуелниот мандат кој трае од јули 2006. Никола Младенов е последната трагична жртва на корумпираната Фамилија Груевски & Мијалкови… Според сознанијата на мојата комплетна соработничка екипа од Македонија и Словенија, сопственикот на неделникот и дневниот весник „Фокус„, Никола Младенов, бил намамен со ургентен повик од пријател, вечерта кога загинал, на 27. март о. г. Од пријателот бил повикан да дојде во Велес, да се сретне со „некои„ луѓе. Непријатно бил изненаден кога пристигнал и се соочил со претставници на сегашната владејачка партија во Македонија,...
Повеќе ...
BureVesnik_logo
ЗА ЛЕСЕН СОН, ДВЕ ИНФОРМАЦИИ
1. Ленче Софрониевска стана претседателка на Апелационен суд кога ДПМНЕ беше на власт а ТОМЕ СТОЈАНОВСКИ викан ДАЛАВЕРА беше потпретседател на Собрание и член на Републички судски совет. Нивното долгогодишно другарство и соработка датира од времето кога нејзиниот татко АРИЗАН НЕСТОРОВСКИ викан МАРЧЕ, бил началник на УДБ-а во Куманово. Во тоа време ТОМЕ ДАЛАВЕРА паднал во притвор бидејќи како адвокат мамел прости луѓе за лажни работни визи за Австрија. Од притвор излегол поради потреба ќерка болна од леукемија да ја носи на операција во Париз, Франција. Не го направил тоа, ќерката починала од последиците на тешката болест, туку се растрчал да ги испронајде измамените, да им врати пари за да не сведочат на суд против него. УДБ-а го помилувала, ама го направила соработник/кодош. Доживотно реферирал кај ВАНЧО КОВАЧЕВ во УДБ-а, а една од противуслугите кои му ги направил во животот на Ковачев е и рехабилитацијата на неговиот шура Ѓорѓи Цветковски викан АРАП, силувач на ученичка како професор...
Повеќе ...
ПРИЗНАНИЕ НА ВИНА
ПРИЗНАНИЕ НА ВИНА
Веќе немам никаква потреба овие докази да ги праќам на надлежни истражни органи, на функционери од власта и на странски амбасади, нема потреба од нив да барам второ мислење и да чекам да го добијам. Ми докажаа дека се неми, дека немаат што да одговорат на ова и немаат што да кажат. Со нивниот молк признаваат вина. Денес ви презентирам маил порака во која осудениот екс директор од Маѓар Телеком во Скопје, ЕЛЕК ШТРАУБ, дава инструкција на ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ, СЛАВКО ПРОЈКОВСКИ и на другите секторски директори, да ангажираат доверливи луѓе кои ЌЕ БРИШАТ КРИМИНАЛНИ ТРАГИ ОД НИВНИТЕ КОМПЈУТЕРИ ПРЕД НАСТАПУВАЧКИ ИСТРАГИ… Таква истрага навистина имаше, заврши со кривичен процес во Њујорк и пресуда во која МАЃАР ТЕЛЕКОМ и тројца директори меѓу кои е ШТРАУБ – признаа вина во Њујорк. Еве што им пишува Штрауб на актуелниот премиер Ковачевски и актуелниот финансиски директор во Македонски Телеком, Славко Пројкоски: ,,Ве молам за итен ангажман на доверливи луѓе за бришење на сите податоци за консултантските...
Повеќе ...
Драган Даравелски
ДАЦЕ ДРДЕ, НЕКРУНИСАН КРАЉ!
1. Даравелски е човек на СДС, никогаш не бил на ДПМНЕ. Во 1997 година од Владата на Бранко Црвенковски доби 200.000 ДЕМ за негова менувачница ,,ЈУРИС,, од Куманово, во склоп на Владина одлука за помош на менувачници за подобрување на финансиско работење. Тие пари подоцна, иако беа повратни не ги врати, заради што во Основен суд Куманово беше поведена кривична постапка – КОЈА НИКОГАШ НЕ ЗАВРШИ! 2. На 19 јануари 1999 година од Владата на Љубчо Георгиевски беше именуван за директор на Царинска управа, иако против него беше поведена и беше во тек кривична постапка. Од претседател на Основен суд Куманово, КАДАР НА СДС, успеа да добие фалсификувано уверение дека против него НЕ СЕ ВОДИ КРИВИЧНА ПОСТАПКА, а постапката беше активна заради оние 200.000 ДЕМ невратени кон државата. 3. Изборите на ДПМНЕ 1998 година на кои победи ДПМНЕ, Драган Даравелски ги помогна со донација од 300.000 ДЕМ, противвредност во компјутери и возила ,,шкода фелиција,,, добиена од екс шеф на царински терминал на Табановце,...
Повеќе ...
vesnici
Субвенции од државата за весниците
Печатените медиуми и оваа година ќе добијат пари од државниот Буџет, информираше Владата. На денешната владина седница е усвоена Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2022 година. Средствата, според предвиденото, ќе се користат за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми во насока на заштита на плурализмот во областа на медиумите, а корисници се печатените медиуми од општ информативен карактер, коишто објавуваат содржина насочена кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички, економски, социјални и културни прашања“, додаваат оттаму.
Повеќе ...
brazil-hrvatska-640x329
СЕНЗАЦИЈА – Хрватска во Шенген ама и во ПОЛУФИНАЛЕ НА СП !
Хрватска е во полуфиналето на СП откако по пеналите го елиминираше Бразил. Нејмар постигна гол за Бразил откако ја одзеде топката на триесетина метри од противничкиот гол, а потоа одигра две двојни додавања и дрибла покрај Ливаковиќ, а потоа ја смести топката во мрежата. На овој начин се израмни со Пеле по бројот на голови, бидејќи и двајцата постигнаа по 77 за националниот тим. Мрачела Брозовиќ ја пропушти најголемата шанса за Хрватска. Бруно Петковиќ на мајсторски начин се ослободи од своите чувари, го проигра Брозовиќ кој не шутираше најдобро. Издначи Петковиќ пред крајот по асистенцијата од Оршиќ. Во пенал серијата Бразилците промашија два пенали, а херои на Хрватска беа Ливаковиќ и Оршиќ.
Повеќе ...
559461
Уапсена е потпретседателката на Европскиот парламент поради корупција
Белгиската полиција вечерва во Брисел ја уапси грчката социјалистка и пратеничка во Европскиот парламент Ева Каили (44), која е и една од потпретседателите на Европскиот парламент, јави АФП. Апсењето, поврзано со истрагата за корупција во врска со домаќинот на Светското првенство Катар, уследи по приведувањето на четворица осомничени претходно во текот на денот, рече изворот,пишува Дејли мејл. Се вели дека апсењето го вклучува и партнерот на г-ѓа Каили, Лука Висентини (53), кој е актуелен генерален секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати ITUC. Каили е приведена на распит во полиција, додава изворот. Другите четворица првично уапсени се италијански државјани или со италијанско потекло. Федералниот обвинител на Белгија ги објави претходните апсења откако беа откриени 600.000 евра во готовина кога полицијата извршила рација на 16 адреси во Брисел. Обвинителите не го прецизираа идентитетот на осомничените или името на државата за која станува збор, само велејќи дека станува збор...
Повеќе ...
македония700х307
Бислимовски- дизелот од полноќ поефтин за 5 денари а ќе има поголемо намалување и кај бензините
Дизелот од полноќ поевтинува за пет денари, а поголемо намалување ќе има и кај бензините, потврдуваат за МИА од Регулаторната комисија за енергетика. Еуросупер БС-95 ќе се намали за 3,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 4 денари. Намалување ќе има и кај Екстра лесното масло за 4,50 денари за литар и кај Мазутот М-1 НС за 2,115 ден за килограм. Намалувањето е резултат на намалените цени на референтните берзи и намалувањето на курсот на денарот во однос на доларот. Денешната одлука е потврда дека РКЕ работи согласно утврдена методологија која е во интерес на граѓаните. Довербата што ја градиме кон граѓаните е клучна со цел да се избегнат дезинформаци и лажни вести од т.н експерти. РКЕ секогаш кога се создаваат предуслови, веднаш носи одлуки во корист на народот, вели во изјава за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
Повеќе ...
qq
Видео: Косовските специјалци извршија упад во Северна Митровица
Kако што јави известувачот на Косово онлајн, полициски службеници биле распоредени низ градот и ја блокирале цела Северна Митровица. Според извори на кои се повикуваат косовските медиуми директивата што ја добиле полицајците била „да се обезбеди безбедност“. Според Косово онлајн, припадници на косовската полиција фрлиле и две шок бомби. Граѓаните на Северна Митровица се собираат на улиците, зборуваат за се што се случува во последните неколку дена, тензично е, но без инциденти. Сите кафулиња се затворени, а жените и децата се засолниле од улиците. Ситуацијата засега е мирна, а низ градот патролираат и членови на ЕУЛЕКС. Портпаролот на Владата на Косово, Перпарим Крејзиу, вечерва за Радио Слободна Европа изјави дека на северот на Косово е испратена „само полиција“, демантирајќи ги медиумските извештаи во Србија дека специјалните единици биле испратени на северот на Косово. https://fb.watch/hjmKGgnCIn/  
Повеќе ...
thumbnail_top-tema-1
Грковска: Не ја изземам Владата, ниту некоја од институциите, одговорноста за корупцијата е кај сите
Тоа што го кажа американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер, тоа во изминатите месеци сме го изјавувале сите ние кои сме сериозно загрижени за случувањата во нашата држава на тема борба против корупцијата и организираниот криминал, изјави вечерва Славица Грковска, вицепремиерка задолжена за спроведување политики за добро владеење. -Јас на тоа би гледала повеќе двонасочно. Од една страна како поддршка и помош за разрешување на крупни коруптивни случаи, што е една од забелешките, а од друга страна и како критика и за моменталната состојба за степенот на корупција во нашата држава, рече Грковска во вечерашното интервју за „Топ тема” на телевизија „Телма”. Таа нагласи дека целокупната борба во државата, во делот на корупцијата, е обврска на сите. -Јас не нè изземам нас како Влада од оваа ситуација, ниту пак изземам од одговорност некоја од институциите. Затоа што секоја од институциите има своја улога во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Меѓутоа, важно е да се разгледуваат...
Повеќе ...
Нашите несомнени лаги…
Не сме толку фини и не сме толку незамешани во агендите на Белград и Сталин и омразата на Грција кон нас не е случајна… (more…)
Повеќе ...
Битолска кеш пандемија
Извор на Буревесник открива детали за случувања во Клиничка Болница Битола. Таму работите не чинат, особено во делот на финансии… (more…)
Повеќе ...
bolenbrat1
Она, кога 6 години затвор значат смртна казна
Во Република Македонија постои привилегирана правда, дополнета со приемна на селективна, која не важи за случаи како Кујтим Мурати. Во РМ осуден како него автоматски значи и осуден на смрт ако е болен… (more…)
Повеќе ...
Дајте потпис ЗА предлогот др. ДЕЈАН СТАВРИЌ да биде нов министер за здравство
Петиција: Дајте потпис ЗА предлогот др ДЕЈАН СТАВРИЌ да биде нов министер за здравство (more…)
Повеќе ...
гласање
МВР ДПМНЕ - „МОЌНА ПОЛИТИЧКА МРЕЖА„
Пред нешто повеќе од две години дадовме докази и јасен преглед за начинот на кој ВМРО ДПМНЕ ги добива изборите и како однапред знаат уште неколку часа пред затворање на избирачките места, каков резултат имаат. А како владеат!? Описот на оваа „операција„ го имате во архивата на Буревесник, а меморијата можете да си ја освежите ако уште еднаш го прочитате текстот со наслов (more…)
Повеќе ...
МВР следи и прислушува ЕУ дипломати со опрема набавена од средствата на ЕУ
Неколкумесечниот силен притисок од Никола Груевски и Сашо Мијалков, вршен на јавното обвинителство, со цел да НЕ биде прифатена кривичната пријава поднесена од проф. Фросина Ременски, а за што неодамна јавноста беше известена преку прилозите на веб порталот Нова ТВ, не вроди со плод. (more…)
Повеќе ...
„Две солзи„
Град Охрид тргува со несреќата на своите граѓани. Охриѓани, опиени под власт на екс градоначалникот Аце Петрески, немајќи каде поради фактот дека нема резервни гробишта, своите починати ги закопуваат под услови и на начин пропишан од локална злосторничка група, раководена од тандемот Сашо Аљче-Драган Пандески. Првиот, ексдиректор на „Охридски Комуналец„, вториот директор на ЈП „Градски гробишта„ на умирање, инаку директор во заминување. (more…)
Повеќе ...
РЕАГИРАЊЕ: И по предавник предавник...
Потикнат од последниот натпис на Тони Трифуновски Седек во прилог на расветлување на вистината и на последните случувања во Карпош уште неколку информации: Во смисла на продолжениот рок за кандидирање една од најатрактивните позиции кои треба да се пополнат е онаа за кандидат на СДСМ во Општина Карпош. (more…)
Повеќе ...
Голи Оток во ,,Бардовци,,
Ова е сведоштво на инспектор од УБК, еден од неколку десетини неистомисленици, непослушници и неподобни за директорот Сашо Мијалков. Поминал низ специјален третман во импровизиран затвор сред психијатриската болница „Бардовци„. Еден е од оние кои работеле и сработале компликувани случаи на организиран криминал и тешки убиства кои Мијалков однапред ги одредил за нерешавање или решавање на сосема друг начин, по негов рецепт. Мојот соговорник поминал неколку месечен насилен психијатриски третман, на кој присилно е приведен и насилно лекуван од параноја и шизофренија, дијагнози какви немало со генерации во неговото семејство а не болувал ни тој. (more…)
Повеќе ...
Наџински насилно до втор мандат
До каде, поточно до кое дно оди политичкото и физичкото насилство на ВМРО ДПМНЕ, кристално јасен пример е Берово. Штета е штоа немаат срам, а немаат поради дивјачката бескрупулозност што ја манифестираат на секој чекор. Четири години на власт во локалната самоуправа во Берово, на градоначалничка функција го држат Драги Наџински, докажан и со пресуда осуден насилник. Ама само за клевета и навреда! Тепаа, малтретираа, уценуваа и се закануваа и пред првиот круг од овие локални избори. Само да му обезбедат втор мандат на насилникот! (more…)
Повеќе ...
ПЕТРОВСКИ: Зоране, не трескај глупости!
Веднаш по објавувањето на продолжението на текстот посветен на погибијата на Никола Младенов, од делот на текстот „Ало Велес! Ало Телеком“ кој има индиректна врска со загинатиот основач и новинар на „Фокус“, се вознемири брачната двојка Јован и Светлана Петровски. Невообичаено за еден Јован Петровски, секогаш смирен и воздржан, хистерично ми се нафрли со писание кое соддржи и закани од типот: „… доколку не постапиш така и така, ќе морам да објавувам на други места!„ Со големо задоволство интегрално и без измени го објавувам обраќањето на Петровски до мене… (more…)
Повеќе ...
Чавков е свртничар на криминалот кон слеп колосек
По заминувањето на директорот на БЈБ Љупчо Тодоровски во незаслужена и присилна пензија, за упразнетото високо функционерско место во хиерархијата на МВР не седна генерал Горан Стојков (како што го лажеа кадровици од ВМРО ДПМНЕ три години!). Во профитабилната фотелја седна довчерашниот началник на секторот за борба против организиран криминал во МВР, Митко Чавков. (more…)
Повеќе ...
„Нормален ли си, брат!?„
Јохан Тарчуловски, денес хашки затвореник и за многумина македонски херој, го помина трнливиот пат од некогашното обично момче од Љубанци, случајно влетано во полиција со посредство на црквени кругови, до главна ѕвезда на ВМРО ДПМНЕ и главен предизборен адут, доколку Германија успее да им го ослободи предвремено на своите галеничиња во Скопје. (more…)
Повеќе ...

Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.