logo
Search
Close this search box.

Категорија:

Блог

vienna-2997032_1920
БЕЧКА ПОЛИТИЧКА ШНИЦЛА
Пишува: Зоран Божиновски Политичката судбина на Нашата Земја е решена во Виена уште пред 2 недели. По урнек на решавањето во текот на 2005 година кога ,,изборите,, 2006 биле договорени на три средби помеѓу ГРУЕВСКИ и БУЧКОВСКИ, а на тогашниот премиер му биле исплатени 8 милиони евра од МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ… На состаноците на позицијата со опозицијата СЕГА во Виена, позицијата и сите заинтересирани биле посторени под ,,тренерска,, палка на Зоран Заев и на Димитар Ковачевски, а биле присутни и неколку крупни фигури и од албанскиот блок и двајца од ВМРО ДПМНЕ. Преговорите се завршени на штета на граѓаните на Нашата земја, ја скроиле политичката карта за 2024 година. Присутни биле екс министерот за култура Роберт Алаѓозоски, вицепремиерот  Фатмир Битиќи, екс министерот за здравство Венко Филипче и три пратеници од СДСМ. Имало и тајкуни/финансиери на целата операција, Никола Груевски бил на постојана врска и бил ептен задоволен од договореното. Присутните во Виена успеале да го помират...
Повеќе ...
државнатајна002
Луковски: ,,За ова газдите не смеат да знаат!,,
Пишува. Зоран Божиновски На 18 мај 2006 година, на 45 денови пред парламентарните избори во Македонија, денес благоупокоениот директор на ЕРИКСОН, Жарко Луковски, му дал налог на тогашниот одговорен раководител во секторот за прислушување следење и надзор во Македонски Телеком, Димитар Ковачевски, да му овозможи пристап на Сашо Мијалков до телефонски линии преку кои ќе следи нивни разговори. Луковски и Ковачевски направиле кривично дело ,,одавање државна тајна,,! Луковски на тогашниот раководител Ковачевски, денес актуелен премиер на Северна Македонија, му испратил ПОПОЛНОЌНА мејл порака во која прикачил строго доверлив документ, заштитен со лозинка. Лозинката и документот претходно веќе ги дал на Сашо Мијалков, а на Ковачевски дал наредба/налог да му овозможат пристап до линиите на следните институции: Владата, МВР, МРТВ, Американската, Британската, Германската, Холандската и Хрватската амбасада, до две банки од кои онаа на Косово особено ,,интересна,,, од УСАИД, Дајнерс, Меѓународен...
Повеќе ...
001брунонасловна
Тапанарот на Даравелски - Бруно Грозданов
Пишува: Зоран Божиновски На две од три судења против мене во Кривичниот суд, криминализираната јавна обвинителка Елизабета Јосифовска од Кичево, потоната во корупција, конфликт на интереси и злоупотреба на службената положба во секое обвинителство каде застапувала обвиненија, инстистираше од судијката Фанка Јанчулева Михаилоска, да ,,приклони верба во целост на исказор на оштетениот Драган Даравелски,,. Наводно сум го уценувал Даравелски во Белград за пари, а јас се преселив во Белград за да го најдам и да го удавам со мои раце, на 21 јули 2009 година. На 19 јули имав средба со атентаторот Горан Трајковски Тајто, кој ми призна пред двајца сведоци на 19 јули таа година дека Даравелски е нарачател на моето убиство кое не се случило бидејќи три секунди пред да влезе во ,,Радио Тумба,, и да пука во мене, ,,Господ му рекол да не го направи тоа,,. Даравелски нема пријавено во МУП на Србија дека бил уценуван од мене. Нема пријава од него против мене ни во МВР. Ама ете на обвинителството на благоупокоениот...
Повеќе ...
hotel-exterior
Дон Доне и ќерките, црни облаци над ,,Македонија Турист,,
Пишува: Зоран Божиновски Како полека го откриваме криминалното лице и наличје на ,,Македонија Турист,, и Доне Таневски, модерниот робовладетел на овој мастодонт, транзиционен лик кој купил без пари скоро се што вреди од туристичките капацитети на Скопје, ама и низ Македонија. Доне и неговите ќерки, онакви какви се навистина, ги опишува млад човек кој за момент поверувал дека ќе му дадат шанса да работи, да се искаже, да напредува и да заработи. Се излажал. Неговото лошо искуство го читате во продолжение: ,,Бев вработен неполна година во Хотел Холидеј Ин, аплицирав регуларно и по сите нормални протоколи за работа. Интервјуто го водеше едната ќерка на Доне, Генералната менаџерка на хотелот. Прв момент што го забележав е недавањето одговор на тоа дали сме договорени за колку ќе биде месечниот надоместок за мојата работа. Зборовите беа „Ние сме успешно акционерско друштво, редовни сме како никои други, тука има прогресивност и простор за напредок и секако платата ќе оди нагоре“, ама конкретен...
Повеќе ...
novinarotsledenje002
Ковачевски: ,,Жарко, имам една молба до тебе!,,
Пишува: Зоран Божиновски Како што веќе читавме од претходно објавените содржини на мејл пораки испратени од актуелниот премиер Димитар Ковачевски, поранешен функционер во Македонски Телеком, задолжен за следење, прислушување и надзор, однапред во 2005 година бил договорен пораз на СДСМ на изборите 2006 година, за награда на Владо Бучковски од 8 милиони евра. Идните победници, Никола Груевски, Сашо Мијалков и ВМРО ДПМНЕ веќе при крајот на 2005 година, почнале да воспоставуваат контрола на терен. Во делот на медиумите таа контрола подразбирала активно следење на покојниот Никола Младенов, бидејќи тој и неделникот ,,ФОКУС,, активно пречеле ВМРО ДПМНЕ да се врати на власт. Па, Сашо Мијалков од Ковачевски го побарал она што е содржано во следната мејл порака: Од: Димитар Ковачевски Испратено: 12. 12. 2005 година, 19:32 часот До: Жарко Луковски Жарко, имам една молба до тебе! Дали ќе можеш преку Небојша да го отклучиш фолдерот до следење на комуникациите на ,,новинарот,,? Тоа е молба од Саше...
Повеќе ...
договорзаприслушување001
Димитар Ковачевски: ,,Овој договор е вечен и ќе важи доживотно!,,
Пишува: Зоран Божиновски Три средби во текот на 2005 година во Виена, одржале премиерот на тогашната влада Владо Бучковски и лидерот на опозицијата Никола Груевски. Постигнале договор СДСМ да биде поразена на изборите во 2006 година, а Бучковски од Телеком добил награда од 8 милиони евра. После постигнување на тој договор, тогашниот функционер на Македонски Телеком, одговорен за прислушување и надзор, Димитар Ковачевски заедно со Елек Штрауб подготвил и прелиминарен договор за следење и чување на комуникации. Тој предлог договор прво го усогласил со идните победници Никола Груевски и Сашо Мијалков. Па му го испратил на Штрауб на разгледување во мејл порака, атачиран во ворд формат и со пасворд. Како што читате подолу, пасвордот му е познат на мојот дописник од Македонски Телеком, па имате ексклузивна можност предлогот да го читате. Немам сознанија дали бил потпишан. Две битни ,,ситници,, се индикативни и паѓаат во очи. Ковачевски пишува: 1. ,,ИСКЛУЧОК Е АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА,, И 2. ,,ОВОЈ...
Повеќе ...
001насловна
Крим Олимпијада во режија на Даниел Димевски и Доне Таневски
Пишува: Зоран Божиновски Даниел Димевски, насилно избран претседател на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, заштитен и управуван од менторот од ,,Македонија Турист,,, Доне Таневски, Глигор Копров и криминалците околу нив, пред лажираниот избор во ОК на РСМ го киднапирале Васил Тупурковски. Скоро месец дена го држеле противправно притворен и не го пуштиле на слобода додека не потпишал ,,доброволна согласност,, да отстапи од МОК. Потпишал, па го ослободиле, а во колаборација со марихуанскиот наркобарон од Муртино, Зоран Заев, лажирале избор и го инсталирале Даниел Димевски во олимписката фотелја. Па го смениле името од МОК во ОК на РСМ!                                               Проблем настанува кога сфаќаат дека спортот и спортските федерации се жива материја и со нив т. е. со спортот никаде во светот не се управува насилно, па прашање на време беше кога оваа кула градена од покерашки карти, ќе се сруши. А се рушеше полека и падна ,,на нос,, кутната од ЕДНА федерација во која...
Повеќе ...
стела001
Ковачевски ,,перел,, валкани пари на мафијата од Албанија
Пишува: Зоран Божиновски Некогашниот секторски директор во Македонски Телеком, одговорен за прислушување и следење на комуникации, денес актуелен премиер на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во септември 2004 години ги поврзал своите надредени во Унгарија и Германија дека има соработка со криминалци од Албанија. Конкретно станува збор за криминалната дружина на Алќи Блако, неговата десна рака Стела Гугаља и Лефтер Кока. На своите надредени, Ковачевски им предлага за ФИКТИВНИ ИНТЕРКОНЕКЦИИ да ,,свртат,, валкани 500 милиони американски долари, во соработка со Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Владо Бучковски. Еве ја содржината на пораката: Од: Димитар Ковачевски Испратено: вторник, 14. 09. 2004., 10 53 часот До: Елек Штрауб, Ролф Плат Почитувани Елек и Ролф, Го контактиравме Алќи Блако како што побара газдата. Во игра мора да бидат и Лефтер Кока и Стела Гугалија. Преку Алќи Блако и неговиот тим ќе бидат обезбедени околу 500 милиони долари. Преку Албтелеком ќе...
Повеќе ...
шредер
Немшиќ: ,,Ова е голема акција, вклучен е и канцеларот Шредер!,,
Пишува: Зоран Божиновски По избивањето на аферата со прислушкување на стотина грчки политичари, премиерот, високи функционери и американската амбасада во Атина, од страна на главниот извршен директор на Дојче Телеком, РЕНЕ ОБЕРМАН, преку Елек Штрауб и Борис Немшиќ, биле превземени мерки скандалот да биде заташкан. Човек за врска им бил денес актуелниот премиер Димитар Ковачевски, тогаш вработен во секторот за финансии во Македонски Телеком и одговорен за прислушување и следење комуникации. Откако преземале мерки Германците, Унгарците и Димитар Ковачевски, на 9 март 2005 година во Атина бил убиен електроинженерот Костас Цаликидис, вработен во Водафон Грција. Месец дена пред ова убиство, Борис Немшиќ од Дојче Телеком, по наредба на Рене Оберман му пишува ПРЕДПОЛНОЌНА ДРАМАТИЧНА ПОРАКА на Ковачевски, му дава упатства што треба да направи и му нагласува поименично кој е вклучен во акцијата, а го набројува тука како вклучен и тогашниот германски канцелар ГЕРХАРД ШРЕДЕР. На крај Немшиќ му нагласува...
Повеќе ...
001насловнагемак
Еднаш шверцерот Енвер беше МалиЌ
Пишува: Зоран Божиновски Големите газди, збогатени на шверц на цигари, Енвер Малиќ и Коста Јанковски, првиот благоупокоен, вториот во тешка здравствена состојба, зад себе оставија неброени милиони евра и недвижнини на корист и од полза на нивните наследници. Енвер Малиќ, подоцна преименуван во Маличи, се занимаваше и со политика, секогаш беше близок од трговските политички друштва од т.н. ,,албански,, блок, а највеќе профитираше со СДСМ и Владата на Бранко Црвенковски 1994/98. Со Зоран Заев дотурка до заменик градоначалник на Скопје, во тандем со Петре Шилегов. Заедно со Коста Јанковски, ортачки во 1990 година регистрираа две фирми, ,,ГЕМАК ТРЕЈД,, и ,,БАЛКАН,,. Од владата на Црвенковски добија две фри шоп продавница на граничниот премин Блаце/Јажинце, кон Косово. Со светските компании ,,РОТМАНС,, и ,,МАБРИТАБ,, (попозната како ,,БАТ,,) имаа потпишани договори за ексклузивен увоз и продажба на: пал мал, вест, давидоф, лорд екстра, пеер, ротманс, дипломат и други нивни видови цигари. Имаа...
Повеќе ...
резеартанасловна
Пропаста на семејството Маличи
Пишува: Зоран Божиновски Низ тежок распад поминуваат двајцата синови и ќерката на покојниот бизнисмен Енвер Маличи, Алтин, Албан и Резеарта. По ненадејната смрт на татко им Енвер, поради нивната деловна неспособност, иако полнолетни и работноспособни сепак се соочуваат со лажен гламурозен живот на работ на пропаст. Во живот ги одржува богатиот зет Амар Салиу, екстремно способен млад бизнисмен, сопственик на градежната компанија ,,СМС КОНСТРАКШН,,. Арно ама, зетот се соочил со двојна брачна прељуба на сопругата Резеарта, од една страна со познат грчки пејач, а од друга и со бизнисмен од Дубаи, по потекло од нашите простори. Амар Салиу поседува и видео снимка со експлицитна содржина од брачното неверство на сопругата Резеарта Маличи, поради што решил да се разведе од неа. Ама, Амар има проблем, од сопругата може ама не може да се разведе од нејзините браќа Албан и Алтин, бидејќи тој им е последната надеж на двајцата синови на Енвер, надеж дека ќе им преживее ,,Гемак Груп,,, компанија која...
Повеќе ...
001а
Тешко на држава во која главна алка во ,,СИНЏИР,, е Васко Ковачевски
Пишува: Зоран Божиновски Можеби за прв пат во историјата на самостојна Република Македонија и Северна Македонија, дојде до апсолутно почитување на презумпција на невиност по голема акција на ЈО за ГОКК. Акцијата ,,СИНЏИР,, опфати триесетина фирми низ државата, петнаесетина лица се притворени, некои се во домашен притвор, а неколкумина се во бегство во странство. За ПРВ ПАТ не се соопштени ниту иницијали на притворените, ниту се спомнати имињата на фирмите во кои се правени злоупотребите. Ова е последица на соучеството во тешките финансиски злоупотреби од страна на Васко Ковачевски, екс генерален директор на РЕК Битола и АД ЕСМ, на неговиот налогодавач Вице Заев, роден брат на екс премиерот Зоран Заев и на лажниот владика Партениј, бизнисмен и управител на трговското друштво со неограничена неодговорност манастир ,,Бигорски,,. Во текот на вчерашната акција една од главните цели на обвинителството била пронаоѓање на екс сопственикот на битолско/струмичката фирма ,,СВ ИНВЕСТ,,, Стојанче Чифлигароски,...
Повеќе ...
Screenshot 2023-10-30 213847
Мали Репки, уште помал премиер
Пишува: Зоран Божиновски Уште од периодот кога Лидија Гавриловска беше директорка на Управата за санкции, именувана од извршната власт составена од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, па во континуитет, кога ДУИ во коалиција со СДСМ од јуни 2017 година продолжува да владее, а таа е заменета со Јовица Стојановиќ, Република Македонија, а подоцна Северна Македонија ниже негативни резултати и уште понегативни извештаи од Комитетот за заштита од тортура при Советот на Европа. Намерно влошените услови по затворите и особено во притворите низ нашата земја, од периодот под власт на Никола Груевски, за да биде злоупотребуван притворот како казна наместо како превентивна мерка, беа за момент ,,подобрени,, кога по смената на власта во 2017 година, Јовица Стојановиќ се зафати со завршување на нови сместувачки капацитети во Идризово. Се зафати со рушење на објекти недостојни и за животни, а не за луѓе и од челната функција на Управата за извршување санкции, а со ветена поддршка од 50 милиони евра од Европската банка...
Повеќе ...
кркаатнасловна001
Ковачевски: ,,Претплатниците секогаш го кркаат,,
Пишува: Зоран Божиновски Летото 2005 година кога Елек Штрауб и Ролф Плат, по налог од Дојче и Маѓар Телеком, расчистувале со Водафон Грција, ги ,,санирале,, последиците од тамошното прислушување и убиството на Костас Цаликидис, штетата од 350 милиони УСД ја платиле Владата на Македонија и Македонски Телеком. За ова веќе пишувавме. Во периодот кога овие стотици милиони долари биле одрани од кожата на корисниците на услугите на Македонски Телеком, своја мејл преписка имале директорите Димитар Ковачевски и Славко Пројкоски. Денес актуелниот премиер на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на 27 јули 2005 година му испратил порака на Славко Пројкоски преку која го советува како да украдат пари за себе, а тоа да го платат потрошувачите. Еве ја содржината: ,,Славко, сега имаме простор за маневар со парите што ги бара Елек. Доволно е да се појача малку кај претплатниците за да имаме нешто и ние ќар. Предлогот е од Саше, а бидејќи ти си одговорен кај претплатниците доволно е да се појача за...
Повеќе ...
водафон001
Штрауб: ,,Со македонската Влада е договорено како да се покријат трошоците!,,
Пишува: Зоран Божиновски По убиството на Костас Цаликидис во март 2005 година, заради аферата ,,Атина,, во која биле прислушувани стотина највисоки грчки функционери и американската амбасада во Атина, останале и многу непланирани трошоци и минуси. ,,Дупката,, била ,,длабока,, над 350 милиони американски долари. Во Дојче и Маѓар Телеком нашле решение: македонската Влада и Македонски Телеком да ги ,,покријат,, тие пари. Елек Штрауб поделил задачи, составил табела во која точно напишал кој колку треба да покрие и прикрие. Во оваа валкана сметка било вклучено и затворањето на Водафон Грција, центарот на аферата ,,Атина,,. Чинело 35 милиони УСД. Премиерот Димитар Ковачевски бил задолжен да ги покрие и прикрие трагите после овој скандал на Водафон и да се погрижи за прикривање на трошоците за следење и прислушување. Овој скандалозен грабеж на Македонија т.е. на корисниците на Телеком се случувал во јули 2005 година, додека Владата била предводена од криминалецот Владо Бучковски… Еве ја...
Повеќе ...
лажнаревизија
Ковачевски: ,,Славко, ќе процесуираме лажен ревизорски извештај!,,
Пишува: Зоран Божиновски Актуелниот премиер на Северна Македонија, во описот на неговото работно место во секторот финансии во Македонски Телеком, заедно со вечниот секторски директор Славко Пројкоски, лажирале и ревизорски извештаи за работењето на компанијата. Морале така, бидејќи парите од приходите од работењето, од наплата на корисниците на услугите на овој телекомуникационен оператор ги давале за корумпирање на политичари од СДСМ и ДУИ, а преку грчкиот бизнисмен Димитрис Контаминас. Како што лажирал ревизорски извештаи во Телеком, така Ковачевски денес лажира владина политика како премиер! Еве како тоа го правеле: Од: Димитар Ковачевски Испратено: петок, 25. 09. 2005., 11 27 часот До: Славко Пројкоски Славко, треба да го направиме годишниот извештај за ревизорите според урнекот на Елек. Треба да се процесуира лажен извештај во кој не треба да стојат парите дадени на политичарите преку Контоминас. Мора да прикажеме доста помалку приходи бидејќи знаеме дека парите од вистинските приходи...
Повеќе ...
sudnaslovna
Зошто блага пресуда за педофилот Фејзуловски од Битола!?
Пишува: Зоран Божиновски Малолетна девојка, на свои неполни 13 години била заведена, обљубена и сексуално искористена во повеќе наврати од педофилот Серџан Фејзуловски од Битола. Во време на извршувањето на серијата најтешки сексуални дела, Фејзуловски имал 30 години. Освен што ја заведувал, обљубил и сексуално ја искористувал на нејзини ненаполнети 13 години, Фејзуловски ја лажел дека е вљубен во неа, дека ќе му стане сопруга и дека среќно ќе живеат заедно. Благодарение на спороста на ОЈО Битола и апсолутно толерантното однесување кон педофилот, иако бил обвинет за едно од најтешките кривични дела, Фејзуловски е на слобода, за време на процесот се бранел од слобода, а на крај си дочека блага пресуда на слобода и по донесената првостепена пресуда – воопшто не е притворен. Оштетената, силувана малолетна девојка, во меѓувреме стана полнолетна, а судењето иако кривичните дела Фејзуловски ги направил во 2017 година, траеше дури до средината на декември 2022 година. Трае уште бидејќи...
Повеќе ...
Projkoskikovacevski001
Ковачевски: ,,Ќе има истрага, ама нас нема да не опфати!,,
Пишува: Зоран Божиновски Убиството на грчкиот електроинженер Костас Цаликидис, по откривање на аферата ,,Атина,, поврзана со незаконско прислушување, се случило на 9 март 2005. Првично било прогласено за самоубиство, ама во јуни 2018 година била преотворена истрага за убиство. Два дена по трагичниот настан, на 11 март, директорот во Македонски Телеком, Славко Пројкоски му пишал на својот колега Димитар Ковачевски во врска со мејл кој го добиле од Елек Штрауб. Мејлот содржински бил поврзан  со случајот ,,Цаликидис,,. Одговор од Димитар Ковачевски добил дури во декември истата година… Вака одело допишувањето: Од: Славко Пројкоски Испратено: петок, 11 март 2005, 13 16 часот До: Димитар Ковачевски Предмет: Висока чувствителност Го прочита ли мејлот што ни го прати Елек? ……………………………………. Од: Димитар Ковачевски Испратено: Среда, 14 декември 2005, 17 33 часот Предмет: одговор Па мора да има некоја истрага,...
Повеќе ...
kovacevski-cepki
Аферата ,,Атина,, и улогата на премиерот Ковачевски
Автори: Василис Превелакис и Диомидис Спинелис, https://spectrum.ieee.org/ Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија, игра значајна улога во аферата ,,Атина,, поврзана со прислушување во Грција 2004 година и со самоубиството на екелктроинженерот Костас Цаликидис, подоцна прогласено за убиство, во преотвроена истрага во јуни 2018 година. Во своите мејл преписки со своите колеги од Македонски и од Маѓар и Дојче Телеком, Ковачевски, неколку денови по смртта на Цаликидис им пишува, со цинично подсмевање дека ,,…Цаликидис се самообесил откако му се налутиле Американците и Германците…,, За да разбереме како некој можел тајно да ги слуша разговорите на највисоките грчки  функционери, треба да ја погледнеме инфраструктурата што го овозможува тоа. Анализа на оваа афера објавиле двајца американски истражувачки новинари. Еве што пишуваат тие: Прво, размислете како се завршува вашиот телефонски повик. Пред да бирате број на вашата слушалка, вашиот мобилен телефон комуницира со...
Повеќе ...
давитковски001
Професор Боро Брко, менторот на Бобо Шекерински
Пишува: Зоран Божиновски Професорот Борче Давитковски, освен што е родоначелник на идејата спроведена во дело, за отварање универзитети во секое село во Македонија и освен што измислил фалсификување на дипломи и магистерски трудови и нивно признавање, освен што бил декан на коренот на едниот од двата корена на зло во нашата земја (правниот факултет, заедно со економскиот на УКИМ!), бил и претседател на бордот на директори на Македонски Телеком од 2002 до 2004 година. Во 2004 година потпишал договор од името на Македонски Телеком, поточно од името на ограбените корисници на нивните услуги, со комапнијата Алкател. Во купувањето софтвер за спојување на двете компании, Давитковски со меѓународните криминалци од Алкател и со директорите Ковачевски, Пројкоски и Љушев од една страна и Менка Евнушева, претставничка на Алкател во Македонија, потпишал и да се набави компатибилен софтвер со веќе набавениот израелски софтвер за следење на комуникациите… Борче Давитковски е долгогодишен советник...
Повеќе ...
001 5 maj 2005 School project
МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ: ,,Крадеме за ДУИ, скратуваме интернет од претплатниците!,,
Пишува. Зоран Божиновски Кога бил министер за образование и наука, поранешниот ректор на универзитетот за продукција на фалц дипломи, ,,Мајка Тереза,,, Азис Положани, заедно со МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ, со премиерот Ковачевски, директорите Ковачевски, Пројкоски, Љушев и осудениот криминалец Атила Сендреи – краделе од претплатниците во корист на ДУИ! Била одиграна театарска претстава за јавноста, наречена ,,Брз интернет за училиштата,,, милиони долари украле за партијата на Положани, поточно за ДУИ, а ги скратиле од корисниците преку намалена брзина на интернет. Секако дека повеќето училишта не ни добиле интернет, а за брз не ни станува збор. Проектот бил само покритие да се покрие грабежот. Извршители биле Славко Пројкоски и актуелниот премиер на Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Доказ е мејл пораката испратена на 5 мај 2005 година. Еве ја содржината: Од: Атила Сендреи Испратено: петок, 5 мај 2005 година, 21 26 часот До: Рене Оберман, Ролф Плат, Боштјан Кошак, Глен Страхан, Мегаклис Стоукидис,...
Повеќе ...
фанканасловна
Фанка ,,заебанка,,
Пишува: Зоран Божиновски Сексот како средство за принуда и уцена го растура кревкото нереформирано суСво во Северна Македонија. Знаме дека разни средства за притисок се применети од почетокот на предметот ,,Шпион,, во септември 2013 година, за да се дојде до пресуда во која макара ќе пишува дека сум виновен. Ама дека со секс афера ќе уценат судијка, не верував додека не го слушнав резултатот од устата на уценетата судијка Фанка Михаилоска Јанчулева! Судијката Ленка Давиткова од Кривичен Суд и обвинителот Златко Биковски, поранешен шеф на ЈО за ГОКК, испаднаа најпаметни од редот на судиите и обвинители во овдешното криминализирано и суСво, калапено по терк на диктаторот Никола Груевски, братучед му Сашо Мијалков и на онаа ноторна глуперда од Муртино, Зоран Заев. Тие во 2016 година, на премин на 2017, сфатија дека е најдобро да не се мешаат во кривичниот предмет против мене, па судеа колку да помине време, колку да ми помине притворот и се тргнаа! Ми останаа во пријатно сеќавање… На...
Повеќе ...
водафонповлекување001
Повлекувањето на Водафон по убиството на Цаликидис
Пишува. Зоран Божиновски Само две недели по бруталното убиство на електроинженерот Костас Цаликидис, од САД на сопствениците на Дојче Телеком им стигнала наредба да го згаснат Водафон во Грција. Така им пишува еден од директорите, Ролф Плат, на Димитар Ковачевски и Андраш Балог. Им наредува за заврпување на целиот криминален процес да му исплатат 35 милиони американски долари на Димитрис Контаминас, за тој да го ,,заврши,, процесот… Плат на Ковачевски и на Балог им наредува и оваа критична мејл порака да не ја препраќаат и да ја уништат. Ама, Ковачевски тоа не го направил, пораката ја снимил и сочувал, па ние денес имаме прилика да ја читаме и да ја објавиме…
Повеќе ...
Nikola-Mladenov-2Rjpg
Ало Велес, Ало Телеком
ПИШУВА: Зоран Божиновски   Истражниот судија во случајот на ликвидацијата на Никола Младенов на влезот во Скопје, на 26. март о. г. пред полноќ, не само што не смеел да бара, туку не смеел ниту да помисли да го бара неговиот мобилен телефон и да го предаде на семејството. Неговиот мобилен апарат е можеби крунскиот доказ за откривање на сите инволвирани во овој злостор. Во него се запишани сите оние кои вршеле притисок врз Младенов да не ги објави деталите за корупцијата во словенечки Телеком, во делот кој се однесува на Македонија. Цел ден во вторник, на ден на погибијата, притисок врз Младенов вршеле сега веќе екс директорот на ОНЕ Македонија, Предраг Чемерикиќ и највеќе министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Двајцата се најдиректно инволвирани во коруптивниот случај во Телеком Словенија, каде 12 часа по погибијата на Младенов се уапсени главните актери на овој најнов телекомуникационен скандал на Балканот. За разлика од корупцијата во Маѓар Телеком, во кој беа инволвирани...
Повеќе ...
lupevska (2)
Колку чини вистината на Лупевска
ПИШУВА: Зоран Божиновски   05. 2015.   Ова е сторија, раскажана од директен учесник во настаните во 2001. година во Македонија. Бил вработен како преведувач при една странска мисија и сето она што се случувало на терен во тој критичен период, го гледал во живо. За еден настан, до денес необелоденет пред македонската јавност, наивно поверувал дека треба да и се довери на Сежана Лупевска, тогаш новинар на А1 ТВ. Ја известил лично и подоцна сфатил дека таа воопшто немала намера да го стори тоа што и било професионална обврска. . . Мојот извор, познат на Лупевска, се решил на оваа исповед поради се позачестените провокации од страна на владејачката коалиција на улиците на македонските градови да инсценираат војна и поради тоа што ги препознал истите методи за такво сценарио од 2001. Еве ја неговата изјава за Буревесник: „Паметам, беше сабота. Со дозвола на поручникот, излегов од американско – украинската база на Брезовица (Косово), во која работев како преведувач, со изговор...
Повеќе ...
liljanamehpismo
Лилјана Механџиска, писмо
,,Почитуван Зоране, деновиве од моите деца сум информирана дека Вие сте автор на текст на интернет портал во кој во кој пишувате за ликот и делата на мојот роден брат Благој Механџиски, наречен Зегин по неговата фирма ,,Веледрогерија Зегин,, во Скопје. Во текстот (ГО ИМАТЕ СОСЕМА ДОЛУ ПОД ОВОЈ ТЕКСТ!) се споменува и моето име меѓу другите имиња со чии судбини и животи се поигрува или им ги тотално руинира, при тоа користејќи се со сервилноста на државните чиновници подложни на поткуп и друг вид корупција. Не сум го прочитала текстот, но како и да е Ви благодарам што сте одвоиле време и третирале човечка судбина со која се поигрува исфрустриран човек, особено близок по род. Во години сум и несвојствено ми е мојот приватен живот да го ставам на тацна за мезе пред јавноста, но длабоко верувајќи дека од судбината не се бега еве се одлучив да Ви се обратам и дадам изворни и автентични детали како и на кој начин, до колку и до кои крајности е спремен мојот брат да оди во пресметката со мене,...
Повеќе ...
mladenovR
Младенов е жртва на аферата Телеком
ПИШУВА: Зоран Божиновски   Долга е низата на ликвидирани поединци, штетни по криминалната „агенда„ на Владата на Никола Груевски. Нема да ги набројувам по име и презиме, ги знаете сите до еден: исчезнати, „самоубиени“, претепани до смрт, „лизнати“ од карпа, загинати во сообраќајни несреќи. Дел од настраданите во првиот мандат на ВМРО ДПМНЕ „заминаа„ од овој свет помеѓу 1998 и 2002, повеќемина ги изгубија своите животи во актуелниот мандат кој трае од јули 2006. Никола Младенов е последната трагична жртва на корумпираната Фамилија Груевски & Мијалкови… Според сознанијата на мојата комплетна соработничка екипа од Македонија и Словенија, сопственикот на неделникот и дневниот весник „Фокус„, Никола Младенов, бил намамен со ургентен повик од пријател, вечерта кога загинал, на 27. март о. г. Од пријателот бил повикан да дојде во Велес, да се сретне со „некои„ луѓе. Непријатно бил изненаден кога пристигнал и се соочил со претставници на сегашната владејачка партија во Македонија,...
Повеќе ...
rocen-milan
Москва Роћену не верује
ПИШЕ: Зоран Божиновски   Црногорска али и српска јавност никако да сазна дуго година скривану тајну великих пријатељa и бизнис сарадника Богољуба Карића, Милана Роћена, Беџета Пацолија и Екрема Лукаја. Овај квартет је само наизглед некомпатибилан и неспоjив, али новац и моћ чине чуда па и оно што се чини немогућим лако постаје могуће. Дипломатска српско-црногорска подела амбасадорских места у време краткотрајне заједнице Србиј и Црна Гора (СЦГ) је Милана Роћена у име те заједнице послала за амбасадора у Руској Федерацији, са седиштем у Москви. Та расподела места је данас екс црногорског министра спољних послова баш у критичном тренутку у току 2004. затекла у Москви. Био је то тренутак кад је Милан Роћен морао да одлучи: хоће ли спасавати Богољуба Карића и његову породицу и поштедети их трајне несреће и вечног проклетства или их предати на поступање истражним органима Федералне службе безбедности Руске Федерације и истражним органима СЦГ!? Милан Рочен се одмах одлучио за прву варијанту....
Повеќе ...
naslovnapraga6
Прага 6 шифра за криминалот на Мијалков !
ПИШУВА: Зоран Божиновски   По серијата закони за отворање и обелоденување на тајни жиро сметки по Швајцарија, Кипар, разни егзотични острови и слични дестинации, македонскиот тајкун Сашо Мијалков мораше да се открие и „самоосветли„. Нема веќе криење. Во итното престројување и неможноста истовремено да се покрие во Македонија и во Чешка, донел одлука како домицилен чешки бизнисмен да влезе во повеќемилионски урбан криминал во проектот „Прага 6„. Веќе не се крие зад семејството Спаравало кое фигурираше досега во негово име, во цела една криминална мрежа од фирми… Од денес не се прашувајте веќе КАДЕ СЕ ВАШИТЕ ПАРИ!? Директорот на УБК Сашо Мијалков, подготвувајќи се за бегство од Македонија, сред кампањата на локалните избори о. г. се занимавал со лукративни бизниси, со трансфер на милиони евра кон Чешка, со нотарска заверка на купување удел во фирма која е вплеткана во урбанистички скандал во населбата „Прага 6„, во главниот град на Чешката Република. Тој нотарски договор (го имате...
Повеќе ...
1жан-митрев
ХОРОР КЛИНИКА
Доктор од државната болница од која доаѓале до Клиника Жан Митрев да соберат ковид пациенти кои снемале пари за кај МИТРЕВ. Од таа државна болница доаѓале на повик од МИТРЕВ, тој си имал таков договор со министерот ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: ,,Голем број на фамилии се јавува кај нас во болницата дека нивни блиски брутално се исфрлени од кај Митрев од Клиника, оти снемале пари да платат! Им велел: Колку пари толку музика! Па нашиот директор ни наредуваше да појдеме таквите пациенти да ги преземеме и да ги донесеме на лекување кај нас. За жал имаше и такви кои веќе беа пред смрт и не можеа да издржат транспорт, умираа кај него во ходникот, ама тој немаше ни грам милост спрема нив. Ако се спроведе темелна истрага, во што не верувам, лесно ќе се дојде до нас, јавна тајна беше дека спасувавме луѓе на кои им беше веќе пресудено од Митрев. И ќе посведочиме и ние и пациентите кои го преживеаја тој хорор, како и членови на нивни семејства..,,
Повеќе ...

Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.