logo
Search
Close this search box.

Категорија:

Корупција

qq
Видео: Косовските специјалци извршија упад во Северна Митровица
Kако што јави известувачот на Косово онлајн, полициски службеници биле распоредени низ градот и ја блокирале цела Северна Митровица. Според извори на кои се повикуваат косовските медиуми директивата што ја добиле полицајците била „да се обезбеди безбедност“. Според Косово онлајн, припадници на косовската полиција фрлиле и две шок бомби. Граѓаните на Северна Митровица се собираат на улиците, зборуваат за се што се случува во последните неколку дена, тензично е, но без инциденти. Сите кафулиња се затворени, а жените и децата се засолниле од улиците. Ситуацијата засега е мирна, а низ градот патролираат и членови на ЕУЛЕКС. Портпаролот на Владата на Косово, Перпарим Крејзиу, вечерва за Радио Слободна Европа изјави дека на северот на Косово е испратена „само полиција“, демантирајќи ги медиумските извештаи во Србија дека специјалните единици биле испратени на северот на Косово. https://fb.watch/hjmKGgnCIn/  
Повеќе ...
thumbnail_top-tema-1
Грковска: Не ја изземам Владата, ниту некоја од институциите, одговорноста за корупцијата е кај сите
Тоа што го кажа американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер, тоа во изминатите месеци сме го изјавувале сите ние кои сме сериозно загрижени за случувањата во нашата држава на тема борба против корупцијата и организираниот криминал, изјави вечерва Славица Грковска, вицепремиерка задолжена за спроведување политики за добро владеење. -Јас на тоа би гледала повеќе двонасочно. Од една страна како поддршка и помош за разрешување на крупни коруптивни случаи, што е една од забелешките, а од друга страна и како критика и за моменталната состојба за степенот на корупција во нашата држава, рече Грковска во вечерашното интервју за „Топ тема” на телевизија „Телма”. Таа нагласи дека целокупната борба во државата, во делот на корупцијата, е обврска на сите. -Јас не нè изземам нас како Влада од оваа ситуација, ниту пак изземам од одговорност некоја од институциите. Затоа што секоја од институциите има своја улога во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Меѓутоа, важно е да се разгледуваат...
Повеќе ...
reiskrivicna
Реисот Жарко, трговец со туѓ имот
Реисот Сулејман Реџепи викан Жарко, спротивно на законот и покрај забраната да располага со имот на Исламсаката верска заедница, гладен за профит сепак тргувал и продал имот на скопското Муфтиство. За ова има соодветна кривична пријава која чека процесуирање… (more…)
Повеќе ...
Невзат Гузица
Судијата од гостиварскиот Апелационен суд, бил видно потресен од објавата на претходниот текст во кој е соддржан разговорот помеѓу него и Ирсал Јакупи, генерален секретар на ИВЗ, како го оговараат градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта. (more…)
Повеќе ...
Плацебо тефтер корупција
Благоја Механџиски Зегин неколку децении во Македонија и регионот се претставува како хуман, благороден и чесен бизнисмен кој освен што тера фармаколошки бизнис, паралелно им помага на луѓето. Се претставува и за голем христијанин и верник, одан и верен на вредностите на православната црква. Сепак, не е така! Сето тоа е само фина маска под која се крие нечовек, нехристијанин, нечесен и неблагороден алчен бизнисмен, кој бескрупулозно гази врз сите оние кои ќе му се најдат на патот. Тоа го потврдува и бивша вработена во неговата компанија, која своето искуство го споделува со нас… (more…)
Повеќе ...
Денесоски началник на сектор за измами
Не морате да верувате дека ВМРО ДПМНЕ за време на раководењето со МВР од 2006. до денес има формирано Сектор за измами во ова министерство. Со Јанкуловска и Мијалков се е можно. Од пресудата на Апелациониот суд Битола против измамникот, Мр Сашко Денесоски, попусто донесена и повеќе од очигледно НЕИЗВРШНА и НЕСПРОВЕДЛИВА, јасно се чита дека началник на тој Сектор е баш Денесоски. Со најдиректна асистенција на екс началникот на ЦПС, Јордан Размоски… (more…)
Повеќе ...
Фамилијарен упад во АКРМ
Владејачката Фамилија во Македонија, Груевски & Мијалков, по подолго размислување и подготовки, конечно сфатија дека најголемите проблеми во процесот на воспоставување контрола врз правосудството го имаат со адвокатите и нивната Комора. Многу монтирани процеси, против политичките и бизнис неистомисленици кои им се најдоа на пат, по притворањето и отпочнувањето на процесите против нив, наидоа на подсмев во јавноста и медиумите, заради адвокати/бранители на осомничените, кои си го знаат знаењето… (more…)
Повеќе ...
,,Денесоски,, фирма за измама и разградба
Денес веројатно нема да ви се верува, ама на 18. Март 2011. по мое службено маил обраќање до Сашо Денесоски, повеќекратен измамник, мешетар, даночен затајувач, градежник, јавно-приватен партнер на Општина Охрид и Аце Петрески, лажен полициски инспектор и самоубеден новинар, БЕВ ПОЧИТУВАН КОЛЕГА. Два дена порано му се обратив најслужбено со маил порака, откако претходно од охриѓанката Дијана Димоска добив докази дека Денесоски ја измамил, довел во заблуда и од неа противправно извлекол имотна корист. За да проверам дали Димоска ја кажува вистината, му ги проследив материјалите и го замолив да ми даде свое видување на случајот. (more…)
Повеќе ...
Stevco's WAY
Стевчо Јакимовски секако без конкуренција уште сега на почетокот на годината е најголемата контроверза во оваа турбулентна година за Македонија. Со одлуката да позајми печат од Драгиша Милетиќ и да се кандидира за нов градоначанички мандат во Општина Карпош каде столува и сега, ја подигна македонската јавност на нозе. За едни e предавник, за други јунак и херој, приципиелен и прагматичен, за трети меѓу кои спаѓам и јас – класичен урбан мафијаш кој од МОРАЊЕ си го брани незаконски стеченото… (more…)
Повеќе ...
Изборна идентификациона трагикомедија
Да подсетам, година и пол бев надворешен член на Комисијата за избор на најповолен понудувач на тендерот за пасоши и лични карти. Месец дена по одлуката јавно соопштив дека тендерот е наместен, објаснив и како е наместен. СДСМ го намести во ноември 2005. ВМРО ДПМНЕ го реализираше тендерот во 2006. Во криминалот со патните исправи и лични карти се ЗАЕДНО. Ова што јавно го гледате е само една голема фарса… (more…)
Повеќе ...
Тачи сред изборен корупциски скандал
Непосредно пред првиот круг на гласање припадници на СВР Тетово, во центарот на градот го уапсиле својот колега и сограѓанин Никола Тимосиевски со 28.000 евра. Надевајќи се дека брзо ќе биде пуштен по интервенција на оној кој му ги дал тие пари, Тимосиевски прво молчел. Дури откако бил притворен и документиран, на своите колеги им признал дека парите ги примил од лидерот на ДПА, Мендух Тачи… (more…)
Повеќе ...
Проширено и надградено велепредавство
Ниту последниот меѓународен тендер, доделен на грчка фирма, за изградба на 50-тина километри пат од Демир Капија до Смоквица (грчка граница) – не помина без голем скандал. Овојпат најдиректно е загрозена и безбедноста на Република Македонија… (more…)
Повеќе ...
Кој го штити измамникот Денесоски?
Веќе најавивме дека пред македонската јавност ќе истапиме со докази за начинот на кој „функционира„ Сашо Денесоски, охридскиот измамник, манипулатор, „бизнисмен„, новинар и близок пријател и соработник на највисоки функционери на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. (more…)
Повеќе ...
АД "Охрид" епицентар на криминалот
Да бидеш двапати по четири години градоначалник на Охрид и да ја дотераш општинската каса до минус од 50 милиони евра треба да си или хедонист и плејбој од светски глас или клептоман кој помислил дека дошло неговото време и дека нема никогаш да помине. (more…)
Повеќе ...
Затворот „Шутка„ легло на организиран криминал
Долгови кон добавувачи, привилегии за подобни притвореници, санкции за неподобни, мобинг кон непослушни и некооперативни вработени, експресно бркање од работа на вработени без почитување процедура, многу криминал во набавките. Тоа е денешната слика од КПУ „Скопје„, популарно наречен „Шутка„… (more…)
Повеќе ...
Груевски, нарко кока премиер
Вистинска драма се одвива деновиве во притворската единица во Шутка. Притворените по акцијата „Керозин“, возачите, сопственикот на „Алма Комерц„ и неговата десна рака, грчевито се борат за итен излез од притвор. А на слобода најзагрижен и најзаинтересиран за слобода на Ѓаволот е Орце Камчев. Потајно навива и Тито Петковски… (more…)
Повеќе ...
На Павловиќ одамна му „лепело рачето„...
Во време кога крадците по Скопје биле реткост и секој поискусен МИЛИЦАЕЦ ги знаел на памет нивните имиња, презимиња и прекари, во време на СФРЈ, во време на чесна, ефикасна и превентивна политика и МИЛИЦИЈА, Драган Павловиќ се „истакнал„ со ТЕШКА КРАЖБА.  (more…)
Повеќе ...

Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.