Категорија:

Eксклузивно

„КРЦ„ крцкал, граѓанска војна крчкал...
Помислува ли денес воопшто дека овие негови денешни сопартијци тогаш му биле политички противници и можеле да бидат жртви поради неговата (и на Фрчковски!) налудничава политика по секоја цена да се обезбеди сигурна победа на партијата на која тогаш и припаѓаше – СДСМ. Во нивната тогашна Влада, Поповски беше министер за одбрана. Чувствува ли денес грижа на совест поради неговата тогашна нестручност, самобендисаност и ароганција, поради што неговите денешни колеги можеле да бидат жртви на неговите „посебни единици“, „ударни групи“, „снајперисти“, активирани од него со една единствена цел – по секоја цена да се обезбеди сигурна победа на тогашниот претседател Киро Глигоров и на СДСМ!? (more…)
Повеќе ...
Слику своју љубим
Претстојните локални избори се шанса да заврши агонијата на жителите од општината Чучер Сандево, сместена на и под падините на соголената Скопска Црна Гора. Соголена од ,,дрварската мафија,,. Агонијата е комбинирана со тиранија, во времетраење од осум години или два мандати подарени од менторот Сашо Мијалков. За да личи на својот идол-психопат и Пејковски си нарачал уметничка слика, за (с)помен и долго сеќавање… (more…)
Повеќе ...
Генерал Методија Величковски манијак, ,,спонзор,, и експерт за ,,редење,,
Случајот од 2008 година неуспешно е прикриен и уште понеуспешно покриен, за да може да напредува тогашниот полковник Методија Величковски до функцијата началник на генералштабот на АРМ, на која и сега се наоѓа. Секако дека има последици по трите малтретирани офицерки, ама кому му било гајле за тоа кога случајот бил прикриван во обид… (more…)
Повеќе ...
Нарко Коњ со гулубарска маана
Нецела година наназад „главен и одговорен уредник“ во Агенцијата за обезбедување „СГС“, безбедносна сила која полека прераснува во параполициска единица, за Тетово, Гостивар, Кичево и Дебар е Таир Зендели викан Коњот. (more…)
Повеќе ...
Чешкиот ребус
Република Македонија, земја кандидат за членство во ЕУ „што чека датум„ и никако да го дочека, има МИЗЕРНА дипломатија. Има дипломати што не примаат редовно плата, а амбасадите се во очајна состојба. Има и еден дипломат кој по разрешувањето од должноста замина во непозната насока. Игор Илиевски по заминувањето напишал две писма. Ги презентираме… (more…)
Повеќе ...
Киров нашата служба го создаде ВМРО ДПМНЕ
Има ли Бугарија добро разузнавање? Тема на емисијата Слободна зона, во која на 16. јуни гостуваше поранешниот шеф на бугарското разузнавање, генерал Кирчо Киров. Директен повод Киров да му гостува на водителот Георги Коритаров во ,,Слободна зона,, е повеќемесечното објавување на прислушуваните разговори во Македонија, од страна на лидерот на опозицијата Зоран Заев и неговите соработници. (more…)
Повеќе ...
Кројачот од Панама
Писмени и ориентирани кон бизнис, млади луѓе од Македонија прават обиди да заработат малку повеќе отколку што тоа го дозволува бизнис амбиентот во нивната земја. Се ориентирале кон заработка преку интернет, место каде во вакви води пливаат АЈКУЛИ. Ова е сторија за еден таков ,,бизнис,, и изневерени надежи… (more…)
Повеќе ...
ИВЗ Диви свињи тепаат во Алах се молат
Сулејман Реџепи ја претворил Исламска верска заедница на криминална организација. ДУВЛО НА КРИМИНАЛ. ПРЕД ОЧИТЕ НА СИТЕ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ. НО ИЗГЛЕДА НА НИВ НАЈМНОГУ ИМ ОДГОВАРА. (more…)
Повеќе ...
Гидеон Сандел, хроника на совршено убиство
Загинувањето на Гидеон Сандел на Матка за мене воопшто не е несреќен случај. Напротив! Доказ за тоа е молкот на комплетната македонска јавност, особено политичката елита на власт, ама и корумпираните медиуми. И провладините и оние т. н. „опозициони„ кои сега се прават луди и не знаат кој е Сандел. Па пишуваат за таму некој Израелец, некогаш обвинет, па суден за некаква измама. (more…)
Повеќе ...
Алчниот конвертит Арсенчо
Многумина би сакале да дознаат кој е најбогатиот кривопаланчанец и колку „трнлив„ е неговиот пат до успехот и капитал од 5,5 милиони евра, според АНКЕТНИОТ ЛИСТ, без сокриените пари под перница. Арсенчо Алексовски денес милионер потекнат од татко поп во комунизмот, завршува (купува!) диплома за правник, како добро титово пионерче и благонадежен комунист-младинец се вработува како СЕКРЕТАР во ПОС-ОСОГОВО, денешно ЈП Македонски шуми. (more…)
Повеќе ...
Сам на себе продавам, сам од себе купувам
Орце Камчев, фамилијарниот бизнис миленик на Груевски и кумашин на Сашо Мијалков, денес продолжи со својата медиумска одисеја. Овојпат направи нова гимнастика, „продаде„ 50% од својот удел во скопската печатница „Графички центар Скопје“. „Купувач„ е српската компанија „Internet Group“, сопственик на електронскиот портал – Телеграф. (more…)
Повеќе ...
Битка за седиштето на СДСМ
Најавата на лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски и неговите колеги пратеници, доцна попладнето на 23.12. дека ќе го се обидат да спречат Собранието насилно да донесе Буџет по вкус на Никола Груевски, на премиерот му даде 14 часа предност да ги организира криминалните рекет групи од МВР, водени од автолимарот Ивица Анчевски Пуки, вгнездени во единиците „АЛФИ„ и „ЕБР„, за напад на седиштето на СДСМ… (more…)
Повеќе ...
Цандо, новиот неготински "Big BOSS"!?
Акцијата „Керозин„ полека но сигурно НЕ добива на интензитет во истрагата. Според мои сознанија, во Шутка е во тек „битпазарски„ тезгарски процес на преговори со главниот актер Љупчо Пецов Ѓаволот, колку и кому треба да му плати за излез на слобода, од каде треба да се брани од идно, монтирано и слабо обвинение, втемелено на злоупотреби од највеќе 60.000 евра… (more…)
Повеќе ...
Колку чини вистината на Лупевска!?
Ова е сторија, раскажана од директен учесник во настаните во 2001. година во Македонија. Бил вработен како преведувач при една странска мисија и сето она што се случувало на терен во тој критичен период, го гледал во живо. За еден настан, до денес необелоденет пред македонската јавност, наивно поверувал дека треба да и се довери на Сежана Лупевска, тогаш новинар на А1 ТВ. Ја известил лично и подоцна сфатил дека таа воопшто немала намера да го стори тоа што и било професионална обврска. . . (more…)
Повеќе ...
Пред погибијата Младенов се сретнал со Јанакиески и Зекиров
Низ тешка и исцрпувачка и однапред промашена петмесечна истрага, македонските медиуми здружено се потрудија да избегаат од очигледните причини за погибијата на Никола Младенов. Никој, ама баш никој (освен Буревесник), не сака да навлезе во причините на неговата двокружна посета на ресторанот „Романтик“ на велешкото езеро „Младост“, не сака да навлезе во причините на средбата со оние кои го повикале. (more…)
Повеќе ...
Mладенов е жртва на новата афера во Телеком
Долга е низата на ликвидирани поединци, штетни по криминалната „агенда„ на Владата на Никола Груевски. Нема да ги набројувам по име и презиме, ги знаете сите до еден: исчезнати, „самоубиени“, претепани до смрт, „лизнати“ од карпа, загинати во сообраќајни несреќи. Дел од настраданите во првиот мандат на ВМРО ДПМНЕ „заминаа„ од овој свет помеѓу 1998 и 2002, повеќемина ги изгубија своите животи во актуелниот мандат кој трае од јули 2006. (more…)
Повеќе ...
„Драгане утишај тон, пробија у етар!„
Јунакот на оваа сторија во два дела си има повеќе лица. Така животот го научил. Перењето на биографијата, обременета со потекло од с. Турје, преку Велика Плана, до мажачката во кланот Черепналковски, има свој грбав и трнлив пат. “PRO ASPERA AD ASTRA…” Во првиот дел го опишав неговото авантуристичко патешествие низ саемските манифестации на екс СФРЈ, во аранжман на директорот на скопски „Меркант„, Благој Митрев Апо. Ги опишав и креациите и иновациите на Дракче Павловиќ кои Апо го чинеа робија од 20 години (одлежани само 7). (more…)
Повеќе ...
"Керозин" смрди на кокаин...
Неколку години по ред жителите на Неготино немо го набљудуваат растот на империјата на Љупче Пецов Ѓаволот, сопственик на „АЛМА КОМЕРЦ„. Знаат Неготинчани дека наркотрговија а не трговија со нафта и наместени тендери за снабдување на јавни институции е причина за прекуноќното збогатување на Ѓаволот. Полициската акција „КЕРОЗИН„ е само лоша театарска претстава на МВР ДПМНЕ, да се прикрие конфликтот помеѓу две криминални братства, одомаќинети во извршната власт…  (more…)
Повеќе ...
Изработено графичка Шема за Мијалков - Апстрактна Мрежа:
„Прага 6„ шифра за криминалот на Мијалков
По серијата закони за отворање и обелоденување на тајни жиро сметки по Швајцарија, Кипар, разни егзотични острови и слични дестинации, Македонскиот тајкун сатанис Сашо Мијалков мораше да се открие и „самоосветли„. Нема веќе криење. Во итното престројување и неможноста истовремено да се покрие во Македонија и во Чешка, донел одлука како домицилен чешки бизнисмен да влезе во повеќемилионски урбан криминал во проектот „Прага 6„. Веќе не се крие зад семејството Спаравало кое фигурираше досега во негово име, во цела една криминална мрежа од фирми… (more…)
Повеќе ...
,,АДОН,, не лае на ,,домашни,, наркодилери...
Не му е лесно на Лабрадорот Адон. Стана славен преку ноќ. Ни крив ни должен, а ревносен како полицаец-трагач на Ќафасан „намирисал„ половина тон марихуана. Гордана Јанкуловска не смее според Уставот и законот на РМ да даде наредба Адон да замине на задача во Неготино, да помогне во акцијата „Керозин„. Ќе „намириса„ Адон многу кокаин, „ЃАОЛски„ втемелен во капиталот на неготинската наркомафија блиска до Никола Груевски… (more…)
Повеќе ...
Дракче „трговачка куротресина„
Сите овие години наназад сметав дека Драган Павловиќ Дракче не е вреден за еден ваков текст. Ама и тој си седеше мирен. Знае дека е кабает, дека со мене не треба да се чепка, дека премногу знам, дека не сум му од оние што си ги гази како ќе му падне напамет. (more…)
Повеќе ...
„Гиго - транс„
За Глигур Коцев, неговиот криминал во Општина Градско и начинот на кој ја спроведува преродбеничката политика на ВМРО ДПМНЕ, како нејзин кадар на чело на оваа мала Општина, веће пишувавме. Се враќаме уште еднаш во Градско, од причина што ем има нови криминални моменти, а имаме и фото докази за крадењето струја од училиштето „Даме Груев„ за потребите на општинската зграда, замрачена поради висок износ на неплатена струја од поодамна. (more…)
Повеќе ...
„Родила си сина, Краља Кокаина!„
Претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељановски, никако да си го исконтролира своето потомство. По скандалите на неговата ќерка по Скопје и Белград, неговиот син Филип, на 1. мај о. г. му ја запечати кариерата на Трајко. Иако привремено случајот е скриен од јавноста, сепак до Буревесник дојдоа деталите за првомајскиот нарко скандал на Евзони. (more…)
Повеќе ...
Ало Велес! Ало Телеком!
Истражниот судија во случајот на ликвидацијата на Никола Младенов на влезот во Скопје, на 26. март о. г. пред полноќ, не само што не смеел да бара, туку не смеел ниту да помисли да го бара неговиот мобилен телефон и да го предаде на семејството. (more…)
Повеќе ...

Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.