Категорија:

Блог

384113574_10231825749729272_3068800987966952297_n
Господарите на животот и смртта на Онкологија
Пишува: Зоран Божиновски За време на последните апсења на клиниката за Oнкологија и радиотерапија строго е внимавано главните актери да не бидат ниту ,,гребнати,,. Внимавано е да не се чепне во осилото, за да не бидат подоцна ,,искасани,, министрите од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ кои ова свесно го овозможувале. На оваа Клиника и е даден буџет без следење критериуми согласно Законот за здравствена заштита според член 27. Никогаш наназад години не е вршена контрола на цените по кои се набавувани скапите лекови од страна на сектор финансии во Фондот за осигурување, каде исто така со години директор на сектор е Миле Сугарев, незаменлив и несменлив. Дел од тие лекови се набавувани над препорачаната цена од ФЗО, без барање, без проверка на важечко одобрение за ставање во промет од страна на Агенцијата за лекови во РСМ. Има и набавки без одобрение… Скапите лековите се набавувани по распишувани постапки за Јавни набавки, пред да се одобри буџет од вкупниот буџет од условниот буџет (прво е вршена...
Повеќе ...
photo_2024-01-28_18-15-07
Американска контрола преку софтверот ,,CALEA,,
Пишува: Зоран Божиновски Грчки експерт за телекомуникациони технологии, во јануари 2005 година им објаснил и им дал инструкции што треба да направат, со кој софтвер да работат. Им посочил дека Американците имаат софтвер за прислушување, следење и складирање податоци со име CALEA, дека Германците и Австријците веќе го имплементирале, а Македонија требало да си набави нова опрема и да направат модификации во Македонски Телеком, за да може контролата да биде потполна. Центарот за контрола на прислушувњето за балканските земји бил во Грција… Американците воопшто не дозволувале друг да контролира, работеле исклучиво со свои луѓе! Кадрите како Ковачевски, Љушев и Пројкоски биле бирани по послушност и извршителност… Еве ја содржината на оваа мејл порака: Од: Темистоклис Куцурас Испратено: среда, 12. 01. 2005 година, 15:23 часот До: Ролф Плат, Елек Штрауб, Димитар Ковачевски, Никола Љушев Колеги, Морам да ве информирам дека софтверот што ви го претставив минатата недела нема да се...
Повеќе ...
корнијасмејл1
Димитар Ковачевски: ,,Јорго, Како да се погрижиме никогаш да не бидеме откриени?
Пишува: Зоран Божиновски По убиството на електроинженерот Костас Цаликидис, главниот организатор Јоргос Корнијас, директор во грчки Водафон и соучесникот во убиството, Димитар Ковачевски, ја продлабочиле криминалната соработка! Навлегле во прислушувањето во најситни детали, до степен Корнијас да му биде инструктор на Ковачевски како тоа се прави. Ама, Корнијас постојано му нагласувал на Ковачевски дека без Американците не може ништо да направи, особено во делот на прикривањето на трагите. Ковачевски тоа го имал на ум и имал контакти со Американците, па имал огромен успех во растурањето на својата држава, заедно со Сашо Мијаков и Никола Груевски. Единствено каде промашил Ковачевски е делот на уништувањето на докази за тоа прислушување и околу улогата на Американците. Не ги послушал ниту Американците ниту Германците во делот на строгите наредби да ги избрише сите сервери и да ги уништи сите докази дека прислушувале. Сепак задачата не си ја завршил, па ние денес, од лице со кое Ковачевски...
Повеќе ...
Јоргос004
Корнијас: ,,Како да прислушувате политичари, новинари и други важни личности!?,,
Пишува: Зоран Божиновски Јоргос Корнијас во време на убиството на инженерот Костас Цаликидис, бил претседател на Борд на директори во грчки Водафон и претпоставен на убиениот. Корнијас директоно наредил отстранување на неовластениот софтвер користен за прислушување на грчката влада, премиерот и американската амбасада. Корнијас најдиректно оневозможил спроведувањето на ефикасна истрага за убиството. Заедно со Димитар Ковачевски е најдиректен соушесник во организација на ликвидацијата на Цаликидис. По убиството на Цаликидис во март 2005, Јоргос Корнијас заедно со Ковачевски, Пројковски и Љушев од Македонски Телеком, продолжил со прислушување на политичари, новинари и други важни јавни личности. Еве како тоа изгледа, читајте од мејл пораката која им ја испратил на овие тројца криминалци во јуни 2005 година: Од: Јоргос Корнијас Испратено: вторник, 14. 06. 2005 11:24 часот До: Димитар Ковачевски, Славко Пројкоски, Никола Љушев Колеги Зошто треба да добиете телефонски централи и опрема од Ericsson?...
Повеќе ...
стајковиќ001
Стајковиќ: ,,Диме, веднаш да му се даде пристап до овие линии на Мијалков...,,
Пишува: Зоран Божиновски Љубчо Георгиевски, премиер од 1998 до 2002 година, додека ја раководеше Владата која со терористите од ОНА продуцираше договорен воен конфликт заради бескрупулозен грабеж на земјата, лично го амнестираше Сашо Мијалков за ВЕЛЕПРЕДАВСТВО! На почетокот на тој воен конфликт во 2001 година, тогашниот воен разузнавач Марјан Ефремов, на дело и со докази ги фати Сашо Мијалков, шеф на военото разузнавање и неговиот колега Горан Грујевски како на српски воени разузнавачи им предаваат и продаваат воени тајни и документи битни за нив, а на штета на Република Македонија. ДОказите Ефремов ги предал на своите надредени… Премиерот Љубчо Георгиевски наместо со истражните органи да поведе постапка против Мијалков и Грујевски, само го смени Мијалков од функцијата во военото разузнавање, без никакви последици по него и Грујевски. Практично го амнестираше… Подоцна, во 2005 година, Сашо Мијалков и неговиот братучед Никола Груевски, на три средби во Виена, со СДСМ договарале...
Повеќе ...
БАРАЊЕ до јумцср од 11.01
Мила Бергер: ,,Ве молам викнете ја мајка ми и викнете полиција...,,
Пишува: Зоран Божиновски Повеќе од половина година не објавувам ништо за голготата низ која и натаму поминуваат двете сестрички, Николина и Мила Бергер, малтретирани од таткото Михаел, од ЈУМ ЦСР на Град Скопје и од министерството за труд и социјална политика, како и од адвокатите од канцеларијата МЕДАРСКИ, застапници на таткото… Директорот на ЈУМ ЦСР на Град Скопје, после скандалозното однесување на неговиот корумпиран претходник кој беше награден со 10.000 евра од таткото Михаел за да му помогне заедно со корумпираните службенички да ги однесе децата во Швајцарија, измисли ЗАБРАНА на мајката Станислава Бергер да комуницира со медиуми. Поточно, забраната од директорот на ЈУМ ЦСР на Град Скопје се однесуваше на комуникација на мајката со мене, за Буревесник да не открива со што точно се занимаваат во центарот за му овозможат на Михаел Бергер макар насилно да ги трансферира неговите ќерки во Швајцарија и да ги оддели од мајката… Арно ама, адвокатите од канцеларијата МЕДАРСКИ...
Повеќе ...
nikos
Ковачевски: ,,Понатаму, работата ја презема амбасадата на САД!,,
Пишува: Зоран Божиновски Драматична мејл порака упатена од актуелниот премиер на Северна Македонија, на грчкиот инвеститор Никос Статопулос, упатена ПРЕД ПОЛНОЌ на 7 март 2005 година, докажува дека убиството на грчкиот електроинженер Костас Цаликидис било планирано и подготвувано. Ковачевски на Статопулос порака му ја праќа само два дена пред Цаликидис да биде пронајден обесен во неговиот стан во Атина, како последица на најголемата прислушна афера во Грција, во 2004 година, кога биле прислушувани премиерот Караманлис, министерот за одбрана, скоро сите министри од таа влада и американската амбасада. За да биде ,,затворена,, аферата целата вина ја фрлиле врз тој што ја открил, Костас Цаликидис. Во пораката која Ковачевски, како одговорен функционер во Македонски Телеком за прислушувањето, му ја праќа на Статопулос, јасно ја лоцира улогата на американската амбасада во Скопје во планирањето на убиството и уништивањето на трагите… Еве ја содржината: Од: Димитар Ковачевски Испратено:...
Повеќе ...
Screenshot 2024-01-09 212746
Една ,,заборавена,, газа во вагина - открива ХАОС!
Пишува: Зоран Божиновски Гордана Стоимчева од Кавадарци, на 05 Октомври лани по претходен договор со гинекологот  Др Саша Јовчевски од Скопје, била подвргната на абортус. Зафатот бил извршен без анестезија по претходен преглед кога било востановено дека за тоа немало потреба. Др Јовчевски на пациентката и дал ампула кетонал и таблета диазепам. Потоа извршил абортус. Според збороовите на Стоимчева во салата бил и гинекологот Д-р Борче Сиваков и медицински тим од сестри и болничарки. По завршување на интервенцијата Д-р Саша Јовчевски и кажал на пациентката дека ќе биде пренесена во соба. Стоимчева сведочи понатаму дека во салата останале др Сиваков и медицинската сестра Марија Маркова. Според нејзини зборови Д-р Борче Сиваков седнал на столот каде претходно седел Д-р Јовчевски и и рекол дека мора да и направи премивка со газа и бетадин. Стоимчева нагласува дека ова не било кажано или одобрено од Д-р Јовчевски. Д-р Сиваков три пати вршел премивање и и објаснувал дека тоа е само бетадин, а...
Повеќе ...
reforma001
,,Создаваме послушна и лесно поткуплива нација!,,
Пишува: Зоран Божиновски Есента 2005 година Собранието на Република Македонија усвоило ФИКТИВНА Национална стратегија за либерализација на телекомуникацискиот пазар. Спроведена е во дело, ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ и денес има монопол во телекомуникациите во нашата земја. Во рамките на таа стратегија била и Програмата за дигитално описменување на учениците, а ЦЕЛ на таа програма била да се образува послушна и лесно поткуплива нација. Според последните резултати од ПИСА тестот во образованието оваа цел е реализирана во целост! Покровител на оваа Програма бил тогашниот претседател Бранко Црвенковски, а иницијатори биле Никола Груевски и Димитар Ковачевски… Актуелниот премиер на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, како активен учесник во реализација на создавање послушна и лесно поткуплива нација, најавува победа на Ден за гласање во мај 2024 и веќе е сигурен дека ќе биде следен мандатар за формирање Влада: Еве ја мејл пораката: Од: Мајкл Гинтер Испратено: петок, 23.09.2005, 14:36 ​​часот До:...
Повеќе ...
kovačevskimail
Го прислушувале и генералниот секретар на ООН
Пишува: Зоран Божиновски Во својот историјат на прислушување ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ, ВОДАФОН и МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ го имаа и прислушувањето на генералниот секретар Кофи Ана. Вината на себе за ова прислушување ја преземале Британците: Од: Димитар Ковачевски Испратено: петок, 09.01.2004, 17:10 часот До: Елек Штрауб, Клаус Хартман, Хорст Херман Почитувани господа, Дозволете ми да ви одговорам во врска со вашето прашање од претходната е-пошта: Она што можев да го дознаам од американската амбасада и од грчки извори за прислушувањето на генералниот секретар на ОН е точно. Г-ѓа Клер Шорт си го призна тоа. Сепак, Дојче Телеком и американската владина ИТ компанија добро играат да го отстранат сомнежот од Германија и САД. Велика Британија ќе продолжи со целата работа и тоа ќе ја чини многу пари. Ќе има судење на г-ѓа Кетрин, но мислам дека таа ќе успее да се извлече со помош на Америка и Германија, па Велика Британија ќе остане единствената виновна за целата афера. Ние стоиме на располагање како компанија...
Повеќе ...
kovačevskimail
Еднаш Димитар Ковачевски работеше против САД!
Пишува: Зоран Божиновски Димитар Ковачевски, како одговорно лице во секторот за прислушување, следење и надзор на комуникации во Македонски Телеком, има искуство во работа против САД, за потребите на Дојче Телеком. Иако денес како премиер на Северна Македонија редовно оди во американската амбасада да прими задачи кои ги има за завршување и верно служи на ДУИ како на трговска фирма миленик на АМЕРИКАНЦИТЕ, сепак во минатото негови газди биле Германците. А тие пак работеле со Кинезите контра САД! Надалеку е прочуена војната меѓу американски ЕЈПЛ и кинески ХЈУАВЕИ, војна која долго трае и е доста исцрпувачка. Таму каде што територијална превласт имаат САД, како што е случај во Северна Македонија, ХЈУАВЕЈ нема пристап. Се обидоа преку српски МТЕЛ да влезат, со помош на корумпираниот екс премиер Зоран Заев, ама Американците го лоцираа, експресно го сменија, па го инсталираа послушникот Димитар Ковачевски… Како тоа изгледало кога Ковачевски работел за Германците а против Американците,...
Повеќе ...
ад гаманасловна
Арамиско гнездо
Пишува. Зоран Божиновски Криминал по криминал – пласман на ЦРНА ЛИСТА на САД! Како Кочо Анѓушев со помош на Зоран Заев, од еден до друг крупен криминален случај се пробиваше до црната листа на САД? АД ,,ГА МА,, е еден од тие случаи. Владата предводена од Зоран Заев и Кочо Анѓушев, а со соучество на генералниот секретар Драги Рашковски и подоцна како предлагач на криминален заекон за изместување на судски спро во Собрание во кризна состојба, Фатмир Битиќи, направи мега криминал со АД ,,Макпетрол,, и АД ,,ГА МА,,. За да му помогнат на Андреј Јосифовски да избегне плаќање на штета од 60 милиони УСД за раководење со АД ,,ГА МА,, и долгогодишно неуплаќање на добивка на Владата како мнозински партнер, скоро дваесетгодишниот трговски спор од Граѓански суд го изместија во Собрание и донесоа закон за откуп на уделот на АД ,,Макпетрол,, во АД ,,ГА МА,,. Иако државата во АД ,,ГА МА,, имаше 53% а АД ,,Макпетрол,, 47%, со одлука на Владата на Владимир Бучковски, на две недели пред пораз на изборите...
Повеќе ...
vodafonobuka
Водафон: ,,Еве Димитар, како да се заштитиш себе,,
Пишува: Зоран Божиновски Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, како одговорно лице во Македонски Телеком за прислушување, следење и надзор над комуникациите, од почетокот на 2000 година редовно добивал инструкции и бил обучуван од Грците како да се заштити себе и своите блиски пријатели, да не бидат прислушувани. Знаеме дека таква обука немаат поминато екс премиерот Никола Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков. Тие не успеаја да прислушуваат и следат а да не бидат и тие мета на ова современо зло. Се сеќаваме на прочуената изјава во една од ,,бомбите,, од страна на Мијалков: ,,Каменот од блиску доаѓа!,,… Не успеал ниту Димитар Ковачевски да се заштити од ова, па иако имал редовни инструкции да уништува секаква трага која може да биде предмет на идна истрага, тоа не го правел. Еве, не успеал да ги исчисти сите компјутерски сервери во Македонски Телеком, сочувани се овие мејл пораки кои повеќе од една година се објавувани во Буревесник. Ова е една од пораките од...
Повеќе ...
stavros
Како сме прислушувани!?
Пишува: Зоран Божиновски Во јануари 2005 година, била во тек најголемата афера со прислушување во Грција, кога биле прислушувани премиерот Караманлис, комплетната грчка Влада и американската амбасада во Атина. Инженер од грчки Водафон, Костас Шизаз, по налог на директорот Сократ Коминакос, на тогашниот секторски директор во Македонски Телеком, одговорен за следење и прислушување, Димитар Ковачевски му давал кратка обука, го инструирал како да го користат во Македонија софтверот набавен од Израел. Еве ја содржината на таа инструктажа преку мејл комуникација: Од: Ставрос Шизаз Испратено: вторник, 11. 01. 2005, 18:54 часот До: Димитар Ковачевски Копија: Сократ Коминакис Здраво Димитар, Бидејќи добив наредба од господинот Коминакис, должен сум да ви дадам неколку објаснувања во врска со следењето на комуникациите и како функционира израелскиот софтвер што вие и ние го имаме. Софтверот што го имаме овозможува софистициран напад за следење телефон. Тоа е затоа што телефоните имаат електрична...
Повеќе ...
Screenshot 2023-12-15 201128
Русите сепак ни доаѓаат преку Грција!
Пишува: Зоран Божиновски Уште од првата Влада на СДСМ во 1996 година, предводена од Бранко Црвенковски, Грците бараат партнер/велепредавник кој за големи пари ќе им го (про)даде Чебрен и Галиште. Понудата која во тоа време е дадена до Црвенковски, без размислување била одбиена. После 23 години, во 2019 година, Грците пронашле велепредавници/трговци со македонските национални интереси во Кочо Анѓушев, Зоран Заев и Васко Ковачевски, како и во актуелниот премиер Димитар Ковачевски кој треба да стави финален потпис деновиве или на почетокот на 2024 година и на Грците да им ги предаде Чебрен, Галиште, ама и Тиквеш. Со ова велепредавство, Македонија може да се прости од секаква контрола над својата територија и над своите енергетски капацитети. Не е во прашање само велепредавство со кое Грците добиваат прилика следните 60 години енергетски да ја контролираат нашата земја, туку во ова велепредавство се крие и друго, поголемо! По потпишувањето на договорот со Грците за Чебрен, Галиште и Тиквеш,...
Повеќе ...
водафонгрција
Димитар Ковачевски е соучесник во убиството на Костас Цаликидис!
Пишува: Зоран Божиновски Шест дена пред бруталното убиство во Атина (09 март 2005), кога е убиен грчиот електроинженер Костас Цаликидис, вработен во телекомуникациониот оператор ,,Водафон,,, сред најголемата грчка афера со прислушување на стотина највисоки грчки владини функционери и на американската амбасада во Атина, на 3 март била испратена мејл порака! Од нејзината содржина јасно се чита подготовката за ова убиство со умисла и вмешаноста на функционери од Македонски телеком, најконкретно на тогашниот секторски директор Димитар Ковачевски, денес актуелен премиер на Северна Македонија. Костас Цаликидис ја откирл афеарата за прислушување, реагирал до генералниот директор на ,,Водафон,, по што било подготвено неговото убиство, за да се ослободат од него како од непријатен сведок кој многу знае. Од пораката во прилог се чита дека неговите колеги од ,,Водафон,, Грција му наместиле афера како тој да е клучен човек во аферата со прислушување, му наместиле како тој да дискредитирал богати и...
Повеќе ...
заевангусев
Виенски енергетски ,,бизнис патриоти,,
Пишува: Зоран Божиновски Трае отворена војна на Кочо Анѓушев со ДУИ и Али Ахмети. Неколкуте соопштенија од ДУИ дека се води организирана кампања против нив се однесуваа на Анѓушев. На нивните прес конференции се надоврзуваат и пресови на ВМРО ДПМНЕ против ДУИ. Со сите сили и средства се турка и нивната кампања контра ДУИ. Во СДСМ пак предводени од Димитар Ковачевски на овие прес конференции од опозицијата гледаат како на лажен патриотизам. А знаат дека Вмро Дпмне ова го прави од патриотизам завиткан во многу профит, многу пари и личен интерес. Во нивната партија Анѓушев кампањата против ДУИ ја тера преку Сашо Клековски, негов бизнис пулен во ИК на Вмро Дпмне. Битката на Анѓушев против ДУИ е заради неговите се поголеми губитоци во бизнисот со струја. СДСМ и ДУИ уште додека директоруваше со ЕСМ Васко Ковачевски, ја донеле во овдешниот енергетски бизнис фирмата на албанскиот премиер Еди Рама ,,ЕТМТ Енерџи,,. Во Северна Македонија оваа фирма од Албанија веќе е одомаќинета, сите вишоци на струја...
Повеќе ...
100милиониевра
Фиктивен проект за реален грабеж на 100 милиони евра од Македонија
Пишува: Зоран Божиновски Европската Унија, преку криминалците од Маѓар и Дојче Телеком, во континуитет ја ограбувала Нашата земја. Еве таков доказ. Еден месец пред изборите 2006 година, Елек Штрауб од Маѓар Телеком им дава упатства на Димитар Ковачевски и Славко Пројкоски, како да спроведат фиктивен проект, поврзан со лажен развој на конкуренција во телекомуникациите во Македонија. Имале согласност и од владата на Бучковски на заминување и од владата на Груевски која доаѓала на власт. Украле 100 милиони евра, а Елек Штрауб, Ролф Плат, ДИмитар Ковачевски и Славко Пројкоски од оваа безобѕирна кражба на граѓаните на Македонија, секој за себе земал по два милиона евра. Еве ја содржината на пораката: Од: Елек Штрауб Испратено: Среда, 03.05.2006, 14:38 часот До: Ролф Плат, Димитар Ковачевски, Славко Пројкоски Драги пријатели, За да не е сомнително, ЕУ ќе иницира проект со кој лажно ќе придонесе за развој на ефективен и конкурентен пазар на електронски комуникации во Република Македонија (ПЈРМ)....
Повеќе ...
амбасада прислушување
Луковски: ,,Димитар, обезбеди му на Сашо пристап до линиите на амбасадорот и американската амбасада!,,
Пишува: Зоран Божиновски Благоупокоениот директор на ЕРИКСОН, Жарко Луковски, бил посредник помеѓу Сашо Мијалков и Димитар Ковачевски, во 2005 и 2006 година, кога веќе во Виена со Владо Бучковски имале договорен иден пораз на СДСМ за изборите 2006 година. Мијалков се подготвувал за доаѓање на власт, па имал слобода да прислушува кого сака, кога сака и колку сака. Само се обраќал до Луковски, тој му пренесувал на Димитар Ковачевски какви се желбите, а овој заедно со Славко Пројкоски овозможувал пристап до посакуваните лини за следење и прислушување… Во јануари 2006 година, Мијалков посакал и добил пристап до линиите на Американската амбасада и на амбасадорот, на МВР и министерството за одбрана, а во континуитет го следел и Никола Младенов. Тој пак во тој период истражуваше и објавуваше текстови поврзани со фамозните ,,Швајцарски сметки,, на банкарот Хари Костов и претседателот на РМ, Бранко Црвенковски. Спомнати се во мејл пораката! Сето тоа Сашо Мијалков будно го следел преку прислушување...
Повеќе ...
луковскижарко
Ковачевски: ,,Жаре, Саше неконтролирано следи и снима,,
Пишува: Зоран Божиновски На крајот од декември 2005 година, кога веќе претходно на три средби во Виена било договорено СДСМ да ги изгуби изборите во 2006 година, а за тоа на премиерот Бучковски му биле исплатени 8 милиони евра, Сашо Мијалков веќе ,,работел,, на случајот и се однесувал како да е на власт. Имал пристап до следење и прислушување на телефони на оние кои сакал да ги следи и снима, меѓу нив бил новинарот Никола Младенов. Арно ама, Жарко Луковски му овозможил да следи и партии, а на Мијалков особено му биле интересни партиите од т.н. АЛБАНСКИ БЛОК. За ова, одговорниот директор за прислушување и следење, Димитар Ковачевски добил опомена од Елек Штрауб, негов претпоставен од Маѓар Телеком. Имаме доказ за нивната комуникација. Содржината на преписката меѓу денешниот актуелен премиер на Северна Македонија и на тогашниот директор на Ериксон, денес благоупокоен Жарко Луковски, ја имате во продолжение: Од: Димитар Ковачевски Испратено: Сабота, 25.12.2005, 18:38 ч. До: Жарко Луковски...
Повеќе ...
цаликидис001
Ролф Плат: ,,Обезбедете 780 милиони долари, 150 од Македонски Телеком!,,
Пишува: Зоран Божиновски Димитар Ковачевски, актуелен премиер на Северна Македонија, како секторски директор во Македонски Телеком, бил во директна комуникација со убиениот грчки електроинженер Костас Цаликидис се до неговото убиство. Доказ е мејл пораката испратена од Ролф Плат на 34 денови пред убиството на Цаликидис во Атина. Им поделил задачи во име на Дојче Телеком, Ковачевски и Пројкоски ги овластил да обезбедат 780 милиони УСД за оваа операција, од тие пари од Македонски Телеком се обезбедени 150 милиони долари, а на Цаликидис му дал задача до кои телефонски ФУНКЦИОНЕРСКИ линии да овозможи пристап за прислушување и следење… Еве ја содржината на пораката од Ролф Плат: Од: Ролф Плат Испратено: вторник, 05.02.2005 12:46 часот До: Елек Штрауб, Димитар Ковачевски, Славко Пројкоски, Костас Цаликидис Драги колеги Сакам да ве информирам дека целата опрема за следење и складирање на комуникации, од каблирање, хардвер, софтвер и меѓународно поврзување ќе оди преку следните компании:...
Повеќе ...
vienna-2997032_1920
БЕЧКА ПОЛИТИЧКА ШНИЦЛА
Пишува: Зоран Божиновски Политичката судбина на Нашата Земја е решена во Виена уште пред 2 недели. По урнек на решавањето во текот на 2005 година кога ,,изборите,, 2006 биле договорени на три средби помеѓу ГРУЕВСКИ и БУЧКОВСКИ, а на тогашниот премиер му биле исплатени 8 милиони евра од МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ… На состаноците на позицијата со опозицијата СЕГА во Виена, позицијата и сите заинтересирани биле посторени под ,,тренерска,, палка на Зоран Заев и на Димитар Ковачевски, а биле присутни и неколку крупни фигури и од албанскиот блок и двајца од ВМРО ДПМНЕ. Преговорите се завршени на штета на граѓаните на Нашата земја, ја скроиле политичката карта за 2024 година. Присутни биле екс министерот за култура Роберт Алаѓозоски, вицепремиерот  Фатмир Битиќи, екс министерот за здравство Венко Филипче и три пратеници од СДСМ. Имало и тајкуни/финансиери на целата операција, Никола Груевски бил на постојана врска и бил ептен задоволен од договореното. Присутните во Виена успеале да го помират...
Повеќе ...
државнатајна002
Луковски: ,,За ова газдите не смеат да знаат!,,
Пишува. Зоран Божиновски На 18 мај 2006 година, на 45 денови пред парламентарните избори во Македонија, денес благоупокоениот директор на ЕРИКСОН, Жарко Луковски, му дал налог на тогашниот одговорен раководител во секторот за прислушување следење и надзор во Македонски Телеком, Димитар Ковачевски, да му овозможи пристап на Сашо Мијалков до телефонски линии преку кои ќе следи нивни разговори. Луковски и Ковачевски направиле кривично дело ,,одавање државна тајна,,! Луковски на тогашниот раководител Ковачевски, денес актуелен премиер на Северна Македонија, му испратил ПОПОЛНОЌНА мејл порака во која прикачил строго доверлив документ, заштитен со лозинка. Лозинката и документот претходно веќе ги дал на Сашо Мијалков, а на Ковачевски дал наредба/налог да му овозможат пристап до линиите на следните институции: Владата, МВР, МРТВ, Американската, Британската, Германската, Холандската и Хрватската амбасада, до две банки од кои онаа на Косово особено ,,интересна,,, од УСАИД, Дајнерс, Меѓународен...
Повеќе ...
001брунонасловна
Тапанарот на Даравелски - Бруно Грозданов
Пишува: Зоран Божиновски На две од три судења против мене во Кривичниот суд, криминализираната јавна обвинителка Елизабета Јосифовска од Кичево, потоната во корупција, конфликт на интереси и злоупотреба на службената положба во секое обвинителство каде застапувала обвиненија, инстистираше од судијката Фанка Јанчулева Михаилоска, да ,,приклони верба во целост на исказор на оштетениот Драган Даравелски,,. Наводно сум го уценувал Даравелски во Белград за пари, а јас се преселив во Белград за да го најдам и да го удавам со мои раце, на 21 јули 2009 година. На 19 јули имав средба со атентаторот Горан Трајковски Тајто, кој ми призна пред двајца сведоци на 19 јули таа година дека Даравелски е нарачател на моето убиство кое не се случило бидејќи три секунди пред да влезе во ,,Радио Тумба,, и да пука во мене, ,,Господ му рекол да не го направи тоа,,. Даравелски нема пријавено во МУП на Србија дека бил уценуван од мене. Нема пријава од него против мене ни во МВР. Ама ете на обвинителството на благоупокоениот...
Повеќе ...
hotel-exterior
Дон Доне и ќерките, црни облаци над ,,Македонија Турист,,
Пишува: Зоран Божиновски Како полека го откриваме криминалното лице и наличје на ,,Македонија Турист,, и Доне Таневски, модерниот робовладетел на овој мастодонт, транзиционен лик кој купил без пари скоро се што вреди од туристичките капацитети на Скопје, ама и низ Македонија. Доне и неговите ќерки, онакви какви се навистина, ги опишува млад човек кој за момент поверувал дека ќе му дадат шанса да работи, да се искаже, да напредува и да заработи. Се излажал. Неговото лошо искуство го читате во продолжение: ,,Бев вработен неполна година во Хотел Холидеј Ин, аплицирав регуларно и по сите нормални протоколи за работа. Интервјуто го водеше едната ќерка на Доне, Генералната менаџерка на хотелот. Прв момент што го забележав е недавањето одговор на тоа дали сме договорени за колку ќе биде месечниот надоместок за мојата работа. Зборовите беа „Ние сме успешно акционерско друштво, редовни сме како никои други, тука има прогресивност и простор за напредок и секако платата ќе оди нагоре“, ама конкретен...
Повеќе ...
novinarotsledenje002
Ковачевски: ,,Жарко, имам една молба до тебе!,,
Пишува: Зоран Божиновски Како што веќе читавме од претходно објавените содржини на мејл пораки испратени од актуелниот премиер Димитар Ковачевски, поранешен функционер во Македонски Телеком, задолжен за следење, прислушување и надзор, однапред во 2005 година бил договорен пораз на СДСМ на изборите 2006 година, за награда на Владо Бучковски од 8 милиони евра. Идните победници, Никола Груевски, Сашо Мијалков и ВМРО ДПМНЕ веќе при крајот на 2005 година, почнале да воспоставуваат контрола на терен. Во делот на медиумите таа контрола подразбирала активно следење на покојниот Никола Младенов, бидејќи тој и неделникот ,,ФОКУС,, активно пречеле ВМРО ДПМНЕ да се врати на власт. Па, Сашо Мијалков од Ковачевски го побарал она што е содржано во следната мејл порака: Од: Димитар Ковачевски Испратено: 12. 12. 2005 година, 19:32 часот До: Жарко Луковски Жарко, имам една молба до тебе! Дали ќе можеш преку Небојша да го отклучиш фолдерот до следење на комуникациите на ,,новинарот,,? Тоа е молба од Саше...
Повеќе ...
договорзаприслушување001
Димитар Ковачевски: ,,Овој договор е вечен и ќе важи доживотно!,,
Пишува: Зоран Божиновски Три средби во текот на 2005 година во Виена, одржале премиерот на тогашната влада Владо Бучковски и лидерот на опозицијата Никола Груевски. Постигнале договор СДСМ да биде поразена на изборите во 2006 година, а Бучковски од Телеком добил награда од 8 милиони евра. После постигнување на тој договор, тогашниот функционер на Македонски Телеком, одговорен за прислушување и надзор, Димитар Ковачевски заедно со Елек Штрауб подготвил и прелиминарен договор за следење и чување на комуникации. Тој предлог договор прво го усогласил со идните победници Никола Груевски и Сашо Мијалков. Па му го испратил на Штрауб на разгледување во мејл порака, атачиран во ворд формат и со пасворд. Како што читате подолу, пасвордот му е познат на мојот дописник од Македонски Телеком, па имате ексклузивна можност предлогот да го читате. Немам сознанија дали бил потпишан. Две битни ,,ситници,, се индикативни и паѓаат во очи. Ковачевски пишува: 1. ,,ИСКЛУЧОК Е АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА,, И 2. ,,ОВОЈ...
Повеќе ...
001насловна
Крим Олимпијада во режија на Даниел Димевски и Доне Таневски
Пишува: Зоран Божиновски Даниел Димевски, насилно избран претседател на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, заштитен и управуван од менторот од ,,Македонија Турист,,, Доне Таневски, Глигор Копров и криминалците околу нив, пред лажираниот избор во ОК на РСМ го киднапирале Васил Тупурковски. Скоро месец дена го држеле противправно притворен и не го пуштиле на слобода додека не потпишал ,,доброволна согласност,, да отстапи од МОК. Потпишал, па го ослободиле, а во колаборација со марихуанскиот наркобарон од Муртино, Зоран Заев, лажирале избор и го инсталирале Даниел Димевски во олимписката фотелја. Па го смениле името од МОК во ОК на РСМ!                                               Проблем настанува кога сфаќаат дека спортот и спортските федерации се жива материја и со нив т. е. со спортот никаде во светот не се управува насилно, па прашање на време беше кога оваа кула градена од покерашки карти, ќе се сруши. А се рушеше полека и падна ,,на нос,, кутната од ЕДНА федерација во која...
Повеќе ...
стела001
Ковачевски ,,перел,, валкани пари на мафијата од Албанија
Пишува: Зоран Божиновски Некогашниот секторски директор во Македонски Телеком, одговорен за прислушување и следење на комуникации, денес актуелен премиер на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во септември 2004 години ги поврзал своите надредени во Унгарија и Германија дека има соработка со криминалци од Албанија. Конкретно станува збор за криминалната дружина на Алќи Блако, неговата десна рака Стела Гугаља и Лефтер Кока. На своите надредени, Ковачевски им предлага за ФИКТИВНИ ИНТЕРКОНЕКЦИИ да ,,свртат,, валкани 500 милиони американски долари, во соработка со Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Владо Бучковски. Еве ја содржината на пораката: Од: Димитар Ковачевски Испратено: вторник, 14. 09. 2004., 10 53 часот До: Елек Штрауб, Ролф Плат Почитувани Елек и Ролф, Го контактиравме Алќи Блако како што побара газдата. Во игра мора да бидат и Лефтер Кока и Стела Гугалија. Преку Алќи Блако и неговиот тим ќе бидат обезбедени околу 500 милиони долари. Преку Албтелеком ќе...
Повеќе ...
шредер
Немшиќ: ,,Ова е голема акција, вклучен е и канцеларот Шредер!,,
Пишува: Зоран Божиновски По избивањето на аферата со прислушкување на стотина грчки политичари, премиерот, високи функционери и американската амбасада во Атина, од страна на главниот извршен директор на Дојче Телеком, РЕНЕ ОБЕРМАН, преку Елек Штрауб и Борис Немшиќ, биле превземени мерки скандалот да биде заташкан. Човек за врска им бил денес актуелниот премиер Димитар Ковачевски, тогаш вработен во секторот за финансии во Македонски Телеком и одговорен за прислушување и следење комуникации. Откако преземале мерки Германците, Унгарците и Димитар Ковачевски, на 9 март 2005 година во Атина бил убиен електроинженерот Костас Цаликидис, вработен во Водафон Грција. Месец дена пред ова убиство, Борис Немшиќ од Дојче Телеком, по наредба на Рене Оберман му пишува ПРЕДПОЛНОЌНА ДРАМАТИЧНА ПОРАКА на Ковачевски, му дава упатства што треба да направи и му нагласува поименично кој е вклучен во акцијата, а го набројува тука како вклучен и тогашниот германски канцелар ГЕРХАРД ШРЕДЕР. На крај Немшиќ му нагласува...
Повеќе ...

Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.
Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.